Користев latinicno пребарување, бидејќи за повеќето градови пребарувани со кирилица нема Google Autocomplete.
- Скопје – аеродром, 2014, постер од градот и интересно, како се изговара Скопје…
- Куманово – вести, мапа, договор поврзан со 2001, временска прогноза…
- Битола – текстот од песната “Битола мој роден крај” и песната “Битола Бабам Битола” се најпопуларните пребарувања за веселиот град на конзулите.
- Берово – освен официјалниот сајт на општината, очекувано популарно е и пребарувањето на хотели и вили.
- Богданци – официјалниот сајт, мапата и компанијата Млаз Богданци…
- Валандово – град познат по својот традиционален фолк фестивал.
- Велес – терминот Велес е испомешан со други странски термини. Доколку пребарувате по старото име на градот ќе наидете на филмот „Јас сум од Титов Велес“
- Виница – слично како Велес, терминот Виница е изгубена меѓу други, странски пребарувања.
- Гевгелија – општинскиот портал Gevgelijanet.com и хотелите и казината се пребарувањата за овој град.
- Гостивар – времињата за молитва (namaz vakitleri), мапа на општината и блогот за спортски дојави.
- Дебар – овој град од Западна Македонија ја има несреќата да неговото име е исто со име на планина во САД.
- Делчево – сајтот на општината, времето и мапата…
- Демир Капијa – винаријата Попова Кула и планинарењето се најпопуларните пребарувања за овој град.
- Демир Хисар – мапата, општината и душевната болница…
- Кавадарци – слики од градот, општинскиот сајт и плоштадот се најбарани за Кавадарци.
- Кичево – временска прогноза, мапа и вести…
- Кочани – оркестарот Кочани, чија песна “Сики, сики баба” заедно со Есма неовластено е на soundtrack-от на филмот Борат, се барани повеќе од самиот град.
- Кратово – изоставувајќи го пребарувањето за руското Кратово, област во Москва, за македонскиот град барани се мапата и пародијата Кратово 2014.
- Крива Паланка – мапа и временска прогноза…
- Крушево – пребарувањето за нашето Крушево е испомешано со пребарувањата за регионите Крушево во Хрватска и БиХ.
- Македонски Брод – популарни пребарувања за оваа мала општина се сајтот на општината и мапа…
- Неготино – локалниот портал Неготино Онлајн и градскиот базен како најпопуларни термини…
- Охрид – најпопуларни термини за туристичкиот град се порталот OhridNews, агенцијата Ohrid Travel, аеродромот Св. Павле и Охридска Банка.
- Пехчево – сајтот Pehcevo.com.mk, локалниот рибник и мапата заедно со информации за општината.
- Прилеп – Prilep Properties, американска агенција за недвижности, слики од градот и временска прогноза…
- Пробиштип – временска прогноза, мапа и сајтот Probistip Online…
- Радовиш – најпребаруван е терминот „радовишанка”, поврзан со фабрика во градот, па сајтот на општината и временска прогноза…
- Ресен – уште еден македонски град испомешан со странски термини.
- Свети Николе – мапа, временска прогноза и веб камера од градот се популарни термини за Св. Николе.
- Струга – вести за градот, компанијата Struga Management од САД и секако, струшките вечери на поезијата…
- Струмица – струмичкиот карневал е популарното пребарување за овој град во источна Македонија, заедно со временската прогноза и порталот Strumica Online.
- Тетово – настани поврзани со 2001 година, тетовскиот универзитет, слики од градот и временска прогноза..
- Штип – бидејќи градот напишан на латиница е сличен со терминот „stipend” (стипендија), пребарувањата не се баш релевантни.
- Дојран – дојранското езеро, како и пребарувања за хотели, апаратмани и сместување во градот.
toj be carka ;)