Toa што е интересно е што темата на форум за само два дена наполни 4 страни со над 88 коментари и привлече над 1.000 посети. Очигледно е дека плаќањето за нешто што е првин понудено бесплатно им паѓа тешко на корисниците кои веднаш побараа алтернативен бесплатен сервис и намалување на цените.
Но од друга страна како ќе се спречи спамирањето и лажните огласи? Всушност, прашањето е дали .мк корисниците се спремни за платени .мк веб сервиси?
Еве дел од мислењата кои се доста интересни, има од критики и негодувања, пресуди за пропаст, па до одобрувања и разбирања за промената на начинот на работа:
- „бесплатни страни за огласување имало и ќе има.“ ,вели Ки4ма.
- „Јас колку што гледам од вчера наваму во последните 24 саата имаат објавено околу 7 и пол страни нови огласи или вкупно околу 330 нови огласи, минимум од сите по 50 денари = 16.500 денари за само еден ден.“, пишува Оlikomerc.
- „Не знам дали е скапо за некој кој продава кола од 5.000 евра. Да, скапо е за тој што продава Siemens A35-ка мобилен кој кошта 30 денари и плус ви доплатува ако му го купите. Малку да бидеме реални, овакви работи јас сум за да се наплатуваат кога се работи за мал бизнис“, вели Misho.
- „Како што гледам денес има пуштано само огласи за коли, камиони и други скапи работи. Плаќање за оглас е во ред, но цената од 50-90 ден. сметам дека е превисока и ќе одбие многу луѓе.“, вели Nezdrav.
- „Има дополнителни трошоци на пазар3. Не е само објавувањето еднаш, туку речиси неопходноста огласот да се обновува секој (во најмала рака) 3-4 дена, што значи изложен е на голем трошок за да биде видлив од купувачот.“, вели Krale.
- „За Битола во последниве 12-14 часа објавени се околу 10 нови огласи, а кога беше бесплатен имаше 3-4 страни нови огласи. Сајтот ќе функционира и вака ќе има малку огласи, но сопственикот ќе профитира од тие, колку-толку ќе има огласувачи, но не како порано, со време нема да биди популарен како што беше.“, вели AlexM.
- … дискусијата продолжува на форум.
Еве пример за тоа што го бараш:
http://www.avto.mk
А зошто не направат ткава иста стрна како германската или бугарската.На пример http://www.mobile.mk :)
Sega site korisnici na pazar3 koisto ustvari i ja napravija stranata toa sto e so svojata doverba poditno da gi kaznat i da gi izbrišat oglasite. Ako toa se napravi pazar3 e kaput dodeka trepnes. airlija,reklama5,koli.com…. ima i drugi.