Импресиите се дека конференцијата послужи за претставување на сервиси, решенија и идеи како да се реализираат е-сервисите, но има и доста интересни примери кои јасно покажуваат дека е-Влада сервисите се активираат.
Иако е-Влада сервисите стануваат се поактивни и се почесто се користат од граѓаните, има поголема транспарентност и функционалност, отворените стандарди се тука сепак се чувствува дека има и куп грешки. Пример, се спомена општината Аеродром која има сајт на 6 јазика, но го нема албанскиот, српскиот, ромскиот… јазици кои нешто значат во Македонија. Или пример како софтверот за плати работи само на Internet Explorer и на Windows. Сепак се работи за сервиси за сите граѓани, дали се тоа професионалци или граѓани ИТ-амарети кои седнале на компјутер заради надеж на поефикасна услуга.
Moжеби конкретната состојба е убаво објаснета од Розалија Василевска од Проекто за локална самоуправа на USAID.
Македонскиот проект за е-влада е се уште на нивото на информирање – Розалија Стојова #esociety10
Сепак постојат и успешни примери кои покажуваат дека е-сервисите можат да ги забрзаат процесите, да го олеснат работењето и да бидат придобивка.
#esociety10 ApplyOnLine app. http://prijava.ads.gov.mk used in 99% of govt. job applications without legal obligation (over 100,000 users)
Во суштина има многу работа. Теоријата е претставена, сервисите се изработуваат, се следи законот, се фаворизира транспарентноста, и ѓраѓаните учат. Но, има уште многу, многу работа Македонија да стане право информатичко, ефикасно и транспарентно општество.