ИТ.МК

3.907 написи

Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за ИТ.МК. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.

Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Среќен 20-ти роденден Duna Computers!

Денес ги знаеме Duna Computers како официјален претставник на Apple во Македонија, нивните продавници се во стилот на компанијата од Купертино, исполнити со iPhone и iPad-и. Но во 1994-та години, кога беше основана компанијата кога Apple не беше на врвот, Duna имаше за цел да ги понуди најдобрите технологии во земјава и на интернационалниот пазар. […]

0 коментари Прочитај 15 октомври, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Софтвер

GG.mk S01E02: Oтворени светови, Warlods of Draenor и храбри инди-игри

По успешното деби, eмисијата за игри GG.mk ја имаше и својата втора епизода со околу 5.000 прегледи во која ги претставија најновите игри кои се сместени во отворени светови, храбрите идеи зад инди-игрите и Unity Engine. Дечките од GG.mk ги рецензираа Shadow of Mordor и Warlords of Draenor, новото продолжение на World of Warcraft, независната […]

0 коментари Прочитај 15 октомври, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК Софтвер

ИТ настан: На Game Развиотка ќе чуеме како од видеоигри се прави кариера

„Во здрава игра здрав дух!“ е мотото на Game Развиотка, едукативен настан кој е во организација на Global Game Jam Macedonia. Своите искуства ќе ги споделат Румена Најчевска и Петар Котевски, а целта повторно е да се разговара за уметноста и занаетот поврзан со развивање видеоигри. Посебно акцентиран ќе биде последниот дел од креирањето на […]

0 коментари Прочитај 15 октомври, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК

Македонските компании се поврзани, но е-трговијата меѓу бизнисите останува очајна

Новиот извештај на Државниот завод за статистика за користење на технологии за во деловните субјекти 2014 покрај вообичаените статистики покажува една добра и лоша вест. Добрата вест е што македонските компании се се поповрзани на Интернет. Дури 93 отсто од компаниите со над 10 вработени имаат пристап до широкопојасен интернет, а 59,3 отсто имаат пристап […]

0 коментари Прочитај 14 октомври, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК

ИТ настан: Sinister Days е натпревар за хорор фотографии, приказни и видеа

Фотографите Јане Наумоски и Ерина Богоева организираат креативен предизвик за сите љубители на хорор уметноста. Станува збор за избор на најдобро хорор видео, куса приказна, поема, фотографија или цртеж. Пријавувањето за Sinister Days е веќе започнато и се чини дека и според темата доаѓа во вистински период, неколку недели пред Halloween. Натпреварувачите во овој период […]

0 коментари Прочитај 14 октомври, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб ИТ.МК

Затворска казна ако користите биткоини во Македонија?

Плаќањето и тргувањето со биткоин во Македонија покрај заработка може да ви донесе не само парични казни туку и затворска казна од пет години. „Работење со биткоини во нашата држава ќе се санкционира. Биткоини во основа е шпекулативна валута, што го чини инвестирањето во нив крајно ризично. Во Република Македонија легално средство за плаќање е […]

10 коментари Прочитај 13 октомври, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК Мора да прочиташ

На македонската хорор игра Wounded и треба краудфандинг поддршка

Wounded треба да биде играта која ќе ја стартува кариерата на младите креатори на видеоигри од Скопје. За остварување на нивниот сон, покрај ентузијазмот и талентот на Workbench studios, се потребни и финансиски средства кои тимот се одлучи да ги побара од Интернетот, преку краудфандинг на Indiegogo. Workbench Studios е основано од средношколците Бојан Веселиновиќ, […]

1 коментар Прочитај 13 октомври, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Статии

Aко побарате отворени податоци од властите, МИОА вели дека ќе ги добиете

Целта на otvorenipodatoci.gov.mk е да ги ослободи информациите од владините институции и да им ги понуди, во систематизирана форма, на граѓаните и компаниите да креираат апликации, содржини, истражувања и услуги. Засега проектот се движи во добра насока, и нема зошто да не се пофали обидот да се ослободат јавните ресурси. Но, тоа што е интересно […]

0 коментари Прочитај 10 октомври, 2014
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Совети

ИТ настан: Десет македонски стартапи ќе се претстават на Smart Up

Smart Up е конференција која сака да го поттикне претприемаштвото во Македонија. Поддржана од Американската амбасада и американската стопанска комора, Smart Up е настан на кој ќе бидат претставени десетината стартапи кои беа дел од Start Up академијата на SWT Alumni Македонија. Конференцијата е закажана за 15-ти октомври во просториите на Еконмски факултет, во 17:30 […]

0 коментари Прочитај 9 октомври, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Совети

Стартап лекции што ги научивме од Time.mk на третиот Startup Grind Skopje

Time.mk има 200.000 посети на ден, 250.000 корисници го посетуваат месечно, и забележува 20% посети од мобилни телефони. На кратко, Time.mk e најпопуларниот сајт во Македонија. Но, пред само неколку години Time.mk беше само стартап кој не започна со идеја да прави пари, туку како предизвик да се направи нешто корисно, вели основачот Игор Трајковски […]

2 коментари Прочитај 8 октомври, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

GG.mk имаше успешно деби; привлече над 7.300 прегледи

После долго чекање, емисијата за видеоигри GG.mk го имаше своето деби на Twitch. И тоа какво деби! Емисијата која е предвидена да трае 90-тина минути, траеше 2 часа и 15 минути, привлекувајќи околу 660 гледачи истовремено, или вкупно 7.322 прегледи. Дополнително добија и 677 следбеници на каналот и околу 370 прегледи на снимката на YouTube, […]

1 коментар Прочитај 8 октомври, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК Хардвер

Сите победници од Alt Ctrl Game Jam, интернационален натпревар организиран од македонски ентузијасти

По разгледувањето на игрите и алтернативните контролери на Alt Ctrl Game Jam, се прогласени и победниците на овој интернационален настан, започнат од македонски ентузијасти. Настанот имаше за цел да ги мотивира развивачите на игри да размислуваат „outside of the box“, и да бидат креативни во креирање на алтернативни контролери. Ако се суди по победниците, целта […]

0 коментари Прочитај 8 октомври, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК Совети

ИТ настан: Intermedia Day ќе ги обедини уметничките изрази на модерното време и технологијата

Intermedia day е настан кој ќе се одржи на 10 октомври во Скопје во просториите на Младинскиот културен центар (МКЦ). Настанот ќе ги обедини уметничките изрази на модерното време и технологијата. На фестивалот ќе учествуваат повеќе уметници од Македонија и регионот, кои ќе презентираат: изложба на графики, работилница за продукција на електронска музика, аудио-визуелен перформанс, […]

0 коментари Прочитај 7 октомври, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК Совети

ИТ настан: Курс за „Дизајнирање на компјутер, од нула!“ во хаклабот КИКА

Скопскиот хаклаб КИКА организира курс на кој сите учесници ќе започнат првин со градење едноставни Nand логички кола и нивна комбинација во посложени чипови, и ќе завршат со вештини да креираат 16-битен процесор со 32KB RAM. „Дизајнирање на компјутер, од нула!“ е шест-неделен курс чија цел е учесниците да се запознаат со суштината на компјутерските […]

0 коментари Прочитај 7 октомври, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Конечно! Емисијата за игри GG.mk стартува во живо на Twitch

По долго чекање, конечно ќе ја гледаме новата емисија за видеогри. Но, GG.mk нема да стартува на старите и добри телевизии, туку на супер-кул сервис за стримање – Twitch.tv. Основачите на GG.mk велат дека идејата им се врти во глава веќе неколку години. Но, дали поради други обврски, дали поради незаинтересираност од телевизиите, емисијата беше […]

0 коментари Прочитај 7 октомври, 2014
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Совети

ИТ настан: Како вашиот стартап да не успее? е тема на Weekly Dose of Acceleration

Совети за успешен стартап ќе најдете насекаде. Но, никој нема да ви каже дека пред да успеат, се обиделе неколку пати и повеќето од тие пати неуспале. Причините за неуспех се многу, од емоции, до нетрпеливост до куп проблеми со пари, тим и погрешен пазар. Но, што ако овие состојби ги пренасочиме во мотивација за […]

0 коментари Прочитај 7 октомври, 2014
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Стартапи, имате трета шанса да им се приклучите на SuperFounders Skopje

Започнува и третата Start програма на раниот стартап акселератор SuperFounders Skopje. Програмата, која започнува следната недела ќе има нов формат со повеќе меѓународни собири, барем три презентации пред интернационални инвеститори за најдобрите стартапи, и ментори со искуство од Techstars, Pioneers, Seedcamp. Пријавувањето е до петокот, 17-ти октомври. Стартапите кои ќе бидат прифатени ќе имаат посебни […]

0 коментари Прочитај 6 октомври, 2014
Редакција
1
Дамјан Цветков-Димитров ИТ.МК Мора да прочиташ

Сингапур vs Македонија… FIGHT!

(Oва е гостински текст од Дамјан Цветков-Димитров, кој веќе шест месеци е во Сингапур. Дамјан пред две години беше автор на IT.com.mk, но можеби го знаете и како дизајнер на игри меѓу кои UUUU, Misery Mod и The Seed). Веќе некое време живеам во Сингапур, дишам Сингапур, гледам Сингапур, купувам Сингапур, јадам Синг…. овчо сирење […]

8 коментари Прочитај 6 октомври, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

ИТ настан: Tрета AllWeb конференција за вирален маркетинг

Најавен е третиот AllWeb, кој ќе се одржи на 14-ти ноември. Конференцијата за маркетинг и онлајн ПР има листа на импресивни гости водени од Благица Ботиглиеро од Metaverse Mod Squad, Бранимир Бркљац од Terra Panonica, Срѓан Ерцег од Huge Media и други регионални експерти кои ќе зборуваат за интернет трендовите. AllWeb е секако конференција за […]

0 коментари Прочитај 6 октомври, 2014
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.ЕУ ИТ.МК

Македонскиот сервис за гласање на iVote е пофален од Европската Комисија

Македонската компанија iVote.mk и неговите основачи Гоце Арменски и Љупчо Антовски се најдоа во извештајот „Тајните на успехот 2014-2015“ на Европската Комисија. Извештајот е наменет да ги истакне компаниите кои ја движат и трансформираат економицијата користејќи ги новите технологии. iVote е позната по својот Demokra сервис кој помага да се модернизира гласањето и избирачкиот процес. […]

0 коментари Прочитај 2 октомври, 2014
Мени
Заедница
Изглед