Конечно! Емисијата за игри GG.mk стартува во живо на Twitch

во ИТ.МК

По долго чекање, конечно ќе ја гледаме новата емисија за видеогри. Но, GG.mk нема да стартува на старите и добри телевизии, туку на супер-кул сервис за стримање – Twitch.tv.

Основачите на GG.mk велат дека идејата им се врти во глава веќе неколку години. Но, дали поради други обврски, дали поради незаинтересираност од телевизиите, емисијата беше постојано одложувана… Се до вечерва, 7.10, кога првата епизода ќе оди во живо со почеток од 22:00 часот. Идејата зад емисијата не е да стрима само видеоигри, туку да го покаже гејмингот како хоби кое се претвори во популарен е-спорт со огромна публика и милионски наградни фондови. GG.mk ќе биде водена од гејмерите Гораст Цветковски (актер), Данко Димоски (филмски продуцент), Бобан Стојчевски (маркетинг менаџер) и Наум Михајловски (режисер). За почеток емисијата ќе оди секој вторник во 22:00 часот, и ќе трае меѓу 90 и 120 минути (зависно од расположението на водителите). Конечната цел на проектот е да прерасне во GGTV телевизија која ќе стрима е-спорт и други независни емисии.

„Раширете ја веста. Пратете гулаби, запалете огнови, телепортирајте се на декот и соопштете му на екипажот. На било кој начин важно е да се разгласи и веста да стигне и до последните босови на Молтен Кор! Важно е да стиснете Follow на каналот за што побрзо да добиеме договор со Twitch за да имате можност да бидате квалитет на стрим (тие што имаат послаб интернет да не се осеќаат како грешници) и се разбира да бидете известени навреме за почетокот на секој стрим или емисија“, вели Гораст Цветковски, еден од креаторите на GG.mk, на форумот на It.com.mk. „Почнуваме скромно, неискусно но искрено. Тоа значи само дека како ќе поминува време и како ќе расте заедницата така и квалитетот и тежината на GG ќе расте“.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk