0 коментари 2 мин. читање 15 октомври, 2014

ИТ настан: На Game Развиотка ќе чуеме како од видеоигри се прави кариера

„Во здрава игра здрав дух!“ е мотото на Game Развиотка, едукативен настан кој е во организација на Global Game Jam Macedonia. Своите искуства ќе ги споделат Румена Најчевска и Петар Котевски, а целта повторно е да се разговара за уметноста и занаетот поврзан со развивање видеоигри. Посебно акцентиран ќе биде последниот дел од креирањето на видеоигрите пред се доработка на играта до крајниот корисник, но и како развивањето на играта да се претвори во кариера од која може да се живее.

„Ќе зборуваме за last mile problem како и за начините на кои може да ја завршите и да ја пласирате вашата игра. Има многу примери за одлични игри кои се направиле на македонскиот Гејм Џем кои би поминале одлично на инди пазарот“, вели Петар Котевски.

Game Развијотка ќе се одржи во сабота 18 октомври од 12 часот во просториите на Seavus. А покрај слушањето на говорот ова е добра прилика и да ги запознаете и другите кратори на видео игри и за дружење.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}