0 коментари 3 мин. читање 8 октомври, 2014

Сите победници од Alt Ctrl Game Jam, интернационален натпревар организиран од македонски ентузијасти

По разгледувањето на игрите и алтернативните контролери на Alt Ctrl Game Jam, се прогласени и победниците на овој интернационален настан, започнат од македонски ентузијасти. Настанот имаше за цел да ги мотивира развивачите на игри да размислуваат „outside of the box“, и да бидат креативни во креирање на алтернативни контролери. Ако се суди по победниците, целта на натпреварот беше остварена! Alt Ctrl Game Jam е организиран од Кристијан Трајковски, Мартин Пупков, Дајана Димовска и Џон Полсон, а се одржа во Скопје, Копенхаген, Архус, Берлин, Монтреал, Лондон, Мелбурн и Куртиба во период од неколку недели.

„Како за прв ваков настан задоволен сум од одзивот кој го добивме за настанот, како од учесниците така и од спонзорите кои не подржаа. Игрите коисе креирани на настанот се креативни и оригинални и задоволен сум од изборот на победниците“, вели Кристијан Трајковски, еден од организаторите на Alt Ctrl Game Jam.

Победник на натпреварот е играта The Winds of Venus креирана од Робин Баумгартен, Петрл Аутио, Карлес Салас и Даглас Пенант, која освен наградата за најдобра игра, ја освои и наградата за најдобар алтернативен контролер. The Winds of Venus е игра во која играчите ја истражуваат планетата со помош на мал цепелин. Контролерот е направен од часовник кој е наликува на радио кое се користи во старите авиони. Tимот го расклопи извади некои делови, додаде нови и креира уникатен контролер за својата игра.

[youtube]jiix9ng7Cpg[/youtube]

За најдобра игра е прогласена Galaxy Glitch на македонските развивачи, Кристијан Трајковски, Мартин Пупков, Марко Зарев, Димитриј Мијоски и Тоше Николов. Ирачите управуваат со авион во универзум кој наликува на Tron, обидувајќи се да ги соберат фрагментите кои ќе им помогнат да го спасат универзумот.

[youtube]GAfth4mhBSc[/youtube]

Најдобра интеракција „контролер-игра“ има Space Battleship Shield на Flyingrobot. Контролерот е Arduino од кој девелоперите изработија специјален контролер за својата игра. Делови од контролерот се испечатени со 3Д-принтер и контролерот е реплика на бродот со кој играте. На контролерот се наоѓаат и топовите со чие вртење управувате и со топовите во играта.

[youtube]TTNbckCDEbA[/youtube]

Доколку оваа година го пропуштивте Alt Ctrl Game Jam, тогаш оставети си слободно место во календарот за следната година, а до тогаш Global Game Jam во февруари и Ludum dare на секои три месеци.
Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top