ИТ настан: Десет македонски стартапи ќе се претстават на Smart Up

0 коментари 1 мин. читање

Smart Up е конференција која сака да го поттикне претприемаштвото во Македонија. Поддржана од Американската амбасада и американската стопанска комора, Smart Up е настан на кој ќе бидат претставени десетината стартапи кои беа дел од Start Up академијата на SWT Alumni Македонија.

Конференцијата е закажана за 15-ти октомври во просториите на Еконмски факултет, во 17:30 часот. Освен краткото претставување на стартапите, ќе има и предавање за успесите, подемите и падовите на основачот на Diners Club Macedonia, Божидар Јанковски; сопственикот на штедилницата Фулм, Елеонора Згољанин; и доцентот на Економски факултет, Стојан Дебарлиев.

[youtube]KFmzx2emKYo[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top