Intermedia day е настан кој ќе се одржи на 10 октомври во Скопје во просториите на Младинскиот културен центар (МКЦ). Настанот ќе ги обедини уметничките изрази на модерното време и технологијата. На фестивалот ќе учествуваат повеќе уметници од Македонија и регионот, кои ќе презентираат: изложба на графики, работилница за продукција на електронска музика, аудио-визуелен перформанс, проекција на експериментален филм, инсталација, сајбер-мода, диџејски настапи, визуелизации во живо, дигитална сценографија „и уште куп други работи“, најавува организаторот.
„Дојдете заедно да уживаме во врвни уметнички достигнувања и да се насладуваме на креациите на дузина прекрасни, талентирани луѓе од целиот регион. Низ повеќе современи уметнички форми ќе вбризгаме малку кислород во белите дробови на нашето Скопје“.
Покрај Мелани Димитровска која е моден дизајнер, на фестивалот ќе се претстават и: Марко Батиста, уметник на полето нови медиуми oд Словенија; Иван Шопов, академски сликар од Бугарија; Боб Милошевиќ, визуелен уметник од Србија, Ивана Пирковска, ликовен уметник од Македонија. Петок 10 октомври во 18:00 доколку немате никакакви други планови, тогаш упатете се во МКЦ!







