0 коментари 3 мин. читање 7 октомври, 2014

ИТ настан: Курс за „Дизајнирање на компјутер, од нула!“ во хаклабот КИКА

Скопскиот хаклаб КИКА организира курс на кој сите учесници ќе започнат првин со градење едноставни Nand логички кола и нивна комбинација во посложени чипови, и ќе завршат со вештини да креираат 16-битен процесор со 32KB RAM. „Дизајнирање на компјутер, од нула!“ е шест-неделен курс чија цел е учесниците да се запознаат со суштината на компјутерските системи: „едноставните фундаментални принципи на кои се базираат сите компјутери и начинот на кој човекот успеал да ги примени и апстрахира овие принципи, за на крајот да го добие компјутерот кој го имаме денес“. Курсот го водат фриленс програмер, Андреј Трајчевски; веб дизајнерот Гоце Митевски; и eнтузијастот за електроника Александар Лазаров.

Курсот е базиран на популарниот курс Nand2Tetris, еден од првите курсеви кои се појавија на Coursera. „Неговата цел е да ги запознае студентите со суштината на компјутерските системи, основните принципи на кои што се базираат“, велат од КИКА. Ако курсот се покаже како успешен, ќе се организираме и втор курс во кој ќе се работат програмските јазик, виртуелните машина, оперативен систем „и на крај – игрица која ќе работи на компјутерот што студентот сам си го направил“! Целна група на овој курс се студенти од техничките факултети, но и средношколци кои имаат намера да продолжуваат во таа насока. Во академски контекст, овој курс го земаат студенти на почетокот и на крајот на студиите. Тие што го земаат на почеток, добиваат слика за материјалот што ги очекува, додека на тие што го земаат на крај им нуди сумирање на сѐ што научиле до тогаш.

Пријавувањето за курсот е веќе започнато, а цената е 3.000 денари. Парите ќе одат за одржување на хаклабот, кој опстојува од членства, курсеви за различни технологии, и донации од луѓе кои го посетуваат хаклабот. Од КИКА велат дека овие пари им се потребни за да ја одржат заедницата, и да продолжат со активностите.

[youtube]iE7YRHxwoDs[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top