10 коментари 2 мин. читање

Затворска казна ако користите биткоини во Македонија?

Плаќањето и тргувањето со биткоин во Македонија покрај заработка може да ви донесе не само парични казни туку и затворска казна од пет години.

„Работење со биткоини во нашата држава ќе се санкционира. Биткоини во основа е шпекулативна валута, што го чини инвестирањето во нив крајно ризично. Во Република Македонија легално средство за плаќање е денарот и секое плаќање во друга валута потпаѓа под законската регулатива. Користењето на bitcoin е во спротивно со Законот за платен промет и Законот за девизно работење“, велат извори од Народна банка на Република Македонија за Вечер.

За сите кои вршат трансакции со крипто-валутата, засега без промена на законот, покрај затворска казна се предвидени и парични казни во денарска против-вредност од 7.000 до 10.000 евра, за трговец поединец или правно лице. Ова на почетокот на годината го најави и гувернерот Богов, во моментите кога вредноста на биткоините вртоглаво растеше на берзите, критикувајќи ја крипто-валутата како контраверзна и со ризик.

(Google има и конвертор на дигитална валута)

За разлика од Македонија, дел од земјите во регионот веќе ја профаќаат крипто-валутата, така Словенија има една од најголемите берзи за тргување со биткоин, во Србија и покрај проблемите со слична законска регулатива веќе има ресторани кои ја прифаќаат биткоини и има банкоматв. Покрај ова тука се и универзитети кој дозволуваат плаќање на школарини; Expedia дозволува букирање на хотели; најпознатиот сервис за трансакции PayPal гo додаде биткоини во своето портомоне и се разбира дека прифаќањето на биткоини не застанува само на овие примери.

Неодамна во Македонија се одржи првиот биткоин настан на кој Андреј Шевченко – биткоин ентузијаст, Митко Цабевски од Ambio.me и Александар Тасев od Акота, ги презентираа предностите на дигиталната валута. Можеби гувернерот и Народната банка би требало да ги прегледаат предностите кои ги носат дигиталните валути, наместо само негативните страни и да пронајдат начин за регулација отколку за забрана. За разлика од Македонија дел од останатите држави веќе се обидуваат да пронајдат начин за регулирање на дигиталните валути за кои е се поизвесно дека ќе останат присутни на пазарот без разлика дали дел од државите ги прифаќаат или не.

[youtube]EA0LkCkvUeU[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

10 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top