0 коментари 2 мин. читање 15 октомври, 2014

GG.mk S01E02: Oтворени светови, Warlods of Draenor и храбри инди-игри

По успешното деби, eмисијата за игри GG.mk ја имаше и својата втора епизода со околу 5.000 прегледи во која ги претставија најновите игри кои се сместени во отворени светови, храбрите идеи зад инди-игрите и Unity Engine.

Дечките од GG.mk ги рецензираа Shadow of Mordor и Warlords of Draenor, новото продолжение на World of Warcraft, независната Ethan Carter и е-спортот. Повеќето игри, по некоја случајност или тренд, се сместени во отворени светови, односно имате огромни виртуелен простор за шетање, исполнет со најразлични карактери, терени и битки. Shadow of Mordor доби пофалби за својот дизајн на битките, и критики за монотониот отворен свет. Додеја пак Warlords of Draneor беше дискутирана на долго и широко, за сите новитети кои ги воведува Blizzard во својот ММО свет кој е целосно променет од „ванилата“. Дискусијата за Draneor беше најстраствена бидејќи WoW ефектот очигледно ги има опседнато и GG.mk како и сите нас кои сме играле во фантастичниот свет на Warcraft. Можете да го забележите точниот момент кога носталгијата ќе го опседне Гораст да ја прекине дискусијата само за да се потсети на транвајот од Stormwind до Ironforge. Дури и ние што игравме хорда го знаеме култниот транвај. :)

[youtube]ErgHWoPu3aE[/youtube]

Disclaimer: IT.com.mk е медиумски партнер на GG.mk бидејќи веруваме дека гејмингот е добро хоби, и се почестo одличен е-спорт.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top