Ja блогирав во живо смртта на Осама бин Ладен, вели @ReallyVirtual
Озогласениот Осама бин Ладен е мртов! Убиен e од американските сили кои трагаа по него уште од 2001-ва година кога терористичката организација Ал-Каеда ги сруши кулите во Њу Јорк. Тогаш немаше друштвени мрежи кои денес, десет години подоцна, се алатки за споделување на клучните информации, дури и за блогирање во живо на акцијата која доведе до смртта на терористот.