Брендираните профили ќе се налик на Facebook фан страните каде брендовите можат да комуницираат со другите корисници и да објавуваат свои статуси. На Twitter во моментов комуникацијата со брендовите се „конзумира“ преку хаштаговите, ретвитови, промотивни твитови и промотивни теми. Проблем може да биде што на Twitter сите го следат стримот и нajновите твитови, никој не отвара профили да гледа пораки или слики како на Faceboоk.
Се уште нема детали за како ќе изгледаат страните, како ќе функционира сето тоа. Официјално потврдено е само дека брендовите сакаат, и бараат, ваква алатка од Twitter за да можат полесно да допрат до клиентите.
Во меѓувреме, најверојатно движејќи се во насока за полесно да се најдат брендовите, Twitter направи мала промена во своето пребарување на категорија „People”.
Сега кога се пребарува некој термин, во листата на луѓето да ги следите се додаваат и профилите кои имаат некаква поврзаност со терминот кој се пребарување. До сега, се листаа само тие кои имаа пример ‘movies’ во краткото инфо. Сега се додаваат профили кои споделуваат таква содржина. Можеби во иднина како што се промовираните твитови, брендовите кои си купиле термини од пребарување ќе бидат истакнати, или со речник на Twitter – промовирани на таа листа.
Коментари
2 коментари
Коментарите се затворени.