0 коментари 1 мин. читање

Новото Facebook копче Send нуди поселективно споделување

Копчето Send е друштвен додаток (plugin) кој ја има истата намена како Like – споделување на информации кои му се допаѓаат на корисникот. Разликата помеѓу овие две копчиња е тоа што Send обрнува поголемо внимание на корисничката приватност, односно откако ќе се кликне, информацијата не се објавува директно на ѕидот на корисникот, туку тој може да одбере со кого ќе ја сподели информацијата која му се допаѓа. Facebook потенцира дека Send е наменето за споделување преку помалите групи кои „можат да бидат меѓу помала група пријатели“, но Send може да се искористи и за споделување преку Facebook порака или индивидуален имејл.

Според зборовите на Facebook девелоперите „постојат многу случаи во кои сакаме да споделиме нешто само со одредени луѓе“, а Send копчето е вистинскиот начин да се стори тоа. Тука можете да ги пронајдете кодовите за поставување на Send копчето на вашот сајт.

Напишано од

Ива Дујак е македонско – српско – хрватска комбинација на маркетинг гик. Има 26 години, магистер е по маркетинг и работи во 4Ward. Паралелно е маркетинг менаџер на новиот независен театар во Скопје – Theatra, автор на It.com.mk и основач на This is Not a Social Media Blog.

Мени
Заедница
Изглед
To top