Создавачите на FellowUp стојат зад тоа дека друштвените мрежи треба да овозможат долгорочно одржување, а не само создавање на мрежа на контакти. FellowUp нуди можност за креирање на посебни профили за секој пријател на корисникот, на кој тој ги остава своите забелешки за пријателот, како и потсетници, сугестии кои би се појавиле при секоја следна можност за интеракција со тој пријател.
Приклучувањето на FellowUp се врши многу едноставно, само со внесување на имејл адреса и прифаќање на условите за работа. Идејата на FellowUp е да делува како персонален асистент на корисникот, а со оглед дека мобилната верзија за Аpple производите е веќе готова, а Аndroid е моментално во изработка, личниот асистент наскоро ќе стане многу подостапен.