TweetDeck е десктоп, iOS и Android апликациja кога ги прикажува сите твитови од корисничкиот стрим, а има и одлична можност да се приспособи за да се следат само одредени твитови пример, споменувањата со @, да се прсонализира фидот со следење на листи, одредено пребарување, а има и можност да се водат неколку профили одеднаш. Последново е корисно за менаџирање на личен и бизнис профил. Покрај Twitter функционалноста, TweetDeck има можност да се додадат Facebook, LinkedIn и Foursquare профилите за полесно следење.
TweetDeck е британска компанија од 15 вработени која нема објавена бројка на колку корисници ја користат апликацијта.
Интересно, во текстот на WSJ се вели дека Twitter работи на концепт сличен на Facebook да се истакнуваат постовите од најблиските пријатели, да ги филтрира твитовите со цел да ги задоволи корисничките потреба за поквалитетна и релевантна содржина која ќе им е важна на индивидуалните корисници.








Ахам….
Не беше купен. http://mediamemo.allthingsd.com/20110418/hey-what…
Малку ми е чуден текстов. Нели Убер медиа го купија пред некое време?