Twitter го претстави Newsrooms да им помогне на новинарите да откријат вести преку мрежата
Twitter го претстави Newsrooms сајтот кој има водичи за новинари кои сакаат да ја користат друштвената мрежа за истражување и барање на вести и приказни.
Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за Совети. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.
Twitter го претстави Newsrooms сајтот кој има водичи за новинари кои сакаат да ја користат друштвената мрежа за истражување и барање на вести и приказни.
Мicrosoft Македонија ги претстави јазичните интерфејс пакети со кои се преведуват на македонски јазик Windows 7 оперативниот систем и Office 2010 алатките. Јазичните пакети можат да се симнат бесплатно.
Dropbox дозволи сите кориснички податоци да бидат на отворено скоро 4 часа во неделата. Тоа, вели сервисот за складирање на фајлови во облакот, не требаше да се случи. Но, бидејќи се случи, не само на Dropbox, туку многу сервиси во облакот се недоволно заштитени и имаат пропусти, најдовме неколку решенија кои можат уште повеќе да ги заштитат фајловите кои се закачуваат на веб.
Сега може да четувате директно со вашите Facebook пријатели преку Skype 5.5 beta верзијата за Windows. Skype 5-ката го интегрираше Facebook во клиентот, овозможувајќи да се следи што се случува на друштвената мрежа, а сега со новата 5.5 верзија Skype ја добива целоснота интеграцијата со Facebook.
Повеќе интернет сообраќај. Побрз и побрз. Помал пинг. Ова е сон за интернет конекција на сите „хардкор“ интернет корисници кои интензивно споделуваат фајлти додека гледаат видеа на еден екран, на друг гледаат интернет телевизија, а на трет играат онлајн игри ... се во исто време, без да мрдне! :P
Наместо да отварате апликација за дигитрон или да го користите Google.com да ви пресмета нешто, можете да го искористите вашиот прелистувач, Chrome или Firefox, и javascript команда во барот за адреси на прелистувачите, без врска дали сте онлајн, да направите некои математички калкулации.
Сега сајтовите кои го користат AddThis копчето за споделување содржина, и кое ги содржи во себе поголемиот дел од друштвените мрежи, ќе можат да следат статистика за секој споделен линк во реално време.
Џошуа Кафман не само што го сликал крадецот на својот MacBook користејќи безбедносна апликација, туку и стартувал tumblr блог со име thisguyhasmymacbook.tumblr.com со цел да ја мотивира полицијата да реагира.
Soluto е алатка која користејќи го корисничкото знаење ќе ве советува што да направите да го олесните стартувањето на компјутерот со тргање на непотребните работи, а сега, новиот Soluto ќе ви помогне да го олесните стартувањето на прелистувачот.
Google го претстави people виџетот за истакнување на пријателите и луѓето со кои се допишувате, односно на лева страна на Gmail добивате повеќе информации за која е личноста, за нејзиниот телефонски број, споделени документи и линкови меѓу вас и корисникот, заеднички календар и други лични детали за корисникот и дискусијата.
Fatal1ty_ на форумот објави одличен водич за overclock на Intel-овите процесори. Overclock е процес за зголемување на работната фрекфенција на процесорот, графичката и други компјутерски компоненти, со цел да му се зголемат перформансите кои им се зададени фабрички. Ова е ризичен процес, хардверот лесно може да се оштети, и затоа е потребно знаење.
Сите што се занимаваат со дизајн знаат колку бојата е важна за веб страната, вели Fatal1ty_ објавувајќи интересна листа на палети на бои за веб дизајн.
Гласомер.мк е веб алатка за едукација и споредба на своето со политичкото мислење за парламентарните избори 2011-та.
Ситеогласи.мк е сервис кој ги собира сите огласи од разни веб .мк страни како Пазар3, Реклама5, Огласуваме и други, и ги презентира на едно место. Сервисот е агрегатор, налик на time.mk и daily.mk, само за огласи, не за вести.
SpeakIT! е една од единаесте најдобри екстензии за Chrome прелистувачот, вели популарниот американски блог Huffington Post. SpeakiT! e изработена од SkechBoy a.к.а. Трајче Петров, кој е и еден од креаторите на онлајн играта Mafia.mk.
Автостопер.мк е нова бесплатна платформа преку која може да најдете и да организирате заеднички патувања. Сервисот е наменет за да им го олесни патувањето на сите вработени и студенти кои постојано патуваат меѓу градовите така што преку огласи им овозможува контакти со други корисници и возачи кои патуваат.
FellowUp е бесплатен онлајн сервис кој го олеснува истовременото раководење на повеќе профили на друштвените мрежи. Тоа што го прави овој сервис поразличен од многуте со иста намена, е тоа што FellowUp освен што ги собира на едно место информациите од корисничките профили, истовремено ги комбинира и врз основа на претходно внесеното дава различни типови на препораки. Препораките варираат од сугестија за честитка за роденден, до локација за средба со одреден профил на корисник.
Google доби идеја да го додаде +1 копчето за да се споделуваат резултатите, а Crossrider ја продолжи таа идеа креирајќи Google +Like додаток за Firefox, IE и Chrome со кој се додава Facebook Like копчето до резултатите од пребарувачот.
Hootsuite го купи TwitterBar додатокот за Firefox симнат околу 2 милиони пати и го преименува во Hootbar. Додатокот e интересен и лесен начин за споделување линкови и пораки на Twitter преку барот за адреси на прелистувачот. Заедно со Hootlet овој додаток станува навистина корисен за постирање и на другите друштвени мрежи како Facebook, фан страни […]
365.com.mk го надградија својот инстант речник додавајќи три нови јазици - руски, српски и турски, додадоа над 500.000 нови зборови во постоечките бази и додадоа англиско-македонски Поимник на зборови од информатичката технологија.