0 коментари 2 мин. читање 22 јуни, 2011

Како да си ги енкриптирате фајловите во Dropbox или било кое веб складиште

TrueCrypt е алатка со отворен код со која може да се енкриптираат фајлови, односно енкриптиран фолдер внатре во Dropbox. TrueCrypt може автоматски да енкриптира цели USB-а или хард дискови креирајќи виртуелни дискови и партиции кои подоцна се закачуваат (mount) како виртуелен диск и се отвараaт заштитените фајлови. Можеби звучи комплицирано, но TrueCrypt има одличен чекор-по-чекор туторијал. Запоменете само да направите енкриптиран фолдер во Dropbox фолдерот.

Друга опција е поедноставна. Зависно која алатка користите 7-Zip или WinRAR можете при компресрање на фајловите, кои сакате да ги закачите во веб складиште, да им додадете лозинка и да ги енкриптирате.

Разликата меѓу двете методи, вели LifeHacker, од нив го преземаме одличнот совет, е што TrueCrype бара партицијата/фолдерот да има претходно одредено место, пример 1GB, додека со зипување се добива помал фајл т.е. големината зависи од самиот фајл.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top