Неколку корисници отворија дискусија споредувајќи ги понудите, и потребите, од кабелските интернет провајдери откако се сподели вест деке CableTel нуди повеќе и побрз интернет.
- Lynx: Nice, nice, али за дома и овој пакет што го имам, 8 мегабита со 200 гигабајти ми е доволен. Поминаа времињата кога ми требаа вакви интернет пакети.
- Revan: Жими таквото што ќе бидат неограничени пакетите, ќе стават некоја бедна Полиса за фер користење и после неограничен ќе го нарекуваат. Катастрофа им е цела инфраструктура, кај мене штом заврне паѓа цел интернет, лани две недели им се жалев, едвај пратија екипа да поправат проблемот.
- Caki: Кај мене изгледа се погоди Кејблтел, две години го користам од кој последната го користам пакетот 8/200 и сега за сега е се супер.
- Masterfixc: Брзина на сурфање – лета, брзина на download – лета. лаг при игри – ми иде да се обесам…
- Filipvselena: И ја сум на Telekabel и ги трпам. Разликата е што јас не можам да избегам од нив бидејќи CableTel ги нема кај мене во мојава населба. Многу се идиоти 3 години ги молиш да ти пуштат кабел, 2км сме од нивното главно претставништво, и се се сведува на „наскоро, наскоро“. Имаат најаки пакети, ама се несериозни и малку неорганизирани.
… дискусијата, прашањата, споделувањето искуство со .мк интернет понудите, стабилноста и брзините продолжува на форум.
Коментари
5 коментари
Коментарите се затворени.