Виктор Дано

2.842 написи активност: 12/2008 - 10/2016

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Редакција
1
Виктор Дано Веб ИТ.МК

ИТ анкета: Пристап до интернет е човеково право

Анкетата е мотивирана од текстот на BBC каде 79% од луѓето ширум светот веруваат дека интернетот е основно човеково право. Во нивната анкета беа изоставени македонските корисници па затоа поставивме наш прашалник - „Дали интернетот е основното човеково право?“   Резултатите се дека 81.1 отсто од 238 посетители (или 193 посетители) веруваат дека интернетот е основно човеково право. Од нив 8 отсто веруваат дека секој човек мора да има можност да чита и да споделува информации. Можеби најголемиот аргумент е што интернетот дозволува глас на луѓето, секој да може да си го каже тоа што го мисли.

0 коментари Прочитај 31 март, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Бугарски Farmville инцидент

Градскиот совет на Пловдив го потресе скандал поврзан со Facebook играта FarmVille, пренесува бугарскиот Novinite. Скандалот се случил пред неколку недели а се однесувал на членови на градскиот совет кои за време на состаноци си ја поливале виртуелната градина, си ги гледале кравите и правеле што прави и секој од над 80 милиони играчи на симулацијата на фарма.

3 коментари Прочитај 31 март, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Робот-новинар слика, прави интервјуа и објавува онлајн

Хмм... кога се вели дека интернетот ќе ги затвори весниците, не верував дека некои ќе одат до таму да ги сменат и новинарите. Научниците од Intelligent Systems Informatics лаботоријата (ISI) од Универзитетот во Токио направија робот-новинар кој може да ја истражува околината и да известува.

0 коментари Прочитај 19 март, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

0.mk со нова верзија и кориснички профили

0.mk, македонски сервис за кратење линкови, објави нова верзија од сервисот. Покрај новиот дизајн, додаден е блог за новостите, изменета е опцијата за прегледување на линкови, а додадена е можност да се пријави линк доколку е погрешен или ги прекршува правила.

9 коментари Прочитај 19 март, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Софтвер

TED: Гејмингот може да го спаси светот

Ние трошиме 3 милијарди часа дневно во играње онлајн игри? Тоа не е доволно, ни треба 21 милијарди часа посветени на гејминг за да може да го спасиме светот, вели Џејн МкГонигал од Институтот за иднината во својот говор на престижната TED конференција.

1 коментар Прочитај 18 март, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Совети Софтвер

Firefox додаток за контакти

Mozilla објави додаток за Firefox кој ги собира вашите контакти од, пример, Twitter, Gmail... и ги склопува во синхронизирана датабаза со цел полесно да стапите во контакт со некој од вашите пријатели преку прелистувачот.

0 коментари Прочитај 18 март, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Хуго Чавез сака регулирање на интернетот

Претседателот на Венецуела, Хуго Чавез, побара регулирање на интернетот, за властите да имаат можност да ги изгасат сајтовите за вести и политички дебати кои според него шират лажни информации, пренесува Reuters.

0 коментари Прочитај 15 март, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Google ќе ги плати последиците, вели Кина

Кинеските власти го предупредија Google дека „ќе ги плати последиците“, дури и ќе го изгаси google.cn, доколку интернет гигантот не го почитува законите во земјата.

0 коментари Прочитај 12 март, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

Веб 2.0 против Цензура 2.0

Репортерите без граници (RSF), огранизација која промовира за слобода на говор, обави извештај за денешниот онлајн пристап по повод 12 март, Свестки ден против сајбер цензура. Извештајот ја содржи и „Непријатели на интернетот“ листата на земји кои ја контролираат слобдата на изразување, ја цензурираат содржината и го ограничуваат пристапот до информации.   „Потенцијалот на интернетот како отворена порта кон светот директно е контрадикторен со тенденцијата на овие режими да се изолираат себеси од останатите земји.“ пишува во извештајот.

0 коментари Прочитај 12 март, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Време е да ги замениме професорите со роботи

  Корејскиот институт за наука и технологија (KIST) и Нипон институтот за технологија (NIT) успешно изработиja и тестираa робот-професор. Хуманоидот е-Nuvo ќе започне да предава во 500 пред-школи и градинки во 2011 година, а во 2012 година ќе биде спремен да започне со официјални предавања во основните и средните училишта, пренесува корејскиот ETNews.

0 коментари Прочитај 4 март, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Египетски блогер пред воен трибунал

Дваесет годишниот Ахмед Мoстафа, студент по инжинерство, на 7 март ќе се најде пред воен трибунал бидејќи на својот блог ја критикувал војната академија за непотизам. Доказите против блогерот се само еден блог пост напишан пред година дена во кој Мостафа напишал дека син на професор бил тргнат од акадамијата за да на негово место дојде друг син на некој побогат кој го платил местото. Најчудно е што воопшто не е спроведена истрага во тоа што блогерот го напишал.   На Мостафа ќе му се суди бидејќи го прекршил египетскиот закон кој забранува објавување на тајни информации поврзани со војската.

0 коментари Прочитај 3 март, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Совети

Креирајте и обработувајте фотографии со Picnik

Picnik e веб базиран софтвер за манипулација, креирање и средување на фотографии. Сервисот на 1 мај беше купен од Googlе и се чини дека гигантот направи паметен потег бидејќи Picnik е неверојатен сервис со кој лесно можете да изработувате најразновидни слики.

0 коментари Прочитај 3 март, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.ЕУ Свет

Италија против Google

Ќе се жалиме на одлуката, вели Google откако италијанскиот суд пресуди 6 месечна затворска казна за двајца (поренешни) извршни директори и советникот за приватност на Google Италија поради видео на Google Video во кое се гледа малтретирање на момче до Даунов синдром.

0 коментари Прочитај 24 февруари, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Далеј Лама отвори Twitter профил

Тибетантскиот лидер е уште едно добро познато политичко име кое се приклучи на сервисот за микро-блогирање кој иако ограничува само 140 знака сепак се покажа како одличен сервис за комуникација и интеракција меѓу политиката и обичните граѓани. @DalaiLama за само 1 ден има над 50.000 следбеници на сервисот.

0 коментари Прочитај 23 февруари, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Вести ИТ.МК

Стартуваше новиот Zero Science Lab

Zero Science Lab e македонска лабораторија за истражување и развој на ИТ безбедноста. Лабораторијата од денеска стартува со нов 2.0 дизајн и е отворена за соработка за пронаоѓање на софверски ранливости и подобрување на безбедноста.

0 коментари Прочитај 22 февруари, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Свет Хак-атак/Приватност

Училиште шпионирало студенти преку веб камера

http://www.flickr.com/photos/bionicteaching/4309359503/   Училиште од Филаделфија ги шпионирало студентите во домашна атмосфера преку вебкамери на лаптопи кои им биле дадени за да им се помогне при учењето. Шпионирањето е откриeно откако едно дете било казнето „поради недолично однесување дома“, а заменик-директорот покажал фотографија сликана од веб камера како доказ, пишува BoingBoing.

0 коментари Прочитај 19 февруари, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

Виртуелна авантура со Tранс-сибирската железница

  Доколку сакате, а не можете да се возите со воз низ Транс-сибирската железница која поминува низ 2 континенти, 12 руски региони и 87 градови, тогаш не очајувајте. Google заедно со Руската железница стартува веб сајт со виртуелна тура од Москва до Владивосток без да се мрзнете на ниските руски температури. Иако правото патување е многу подобро, сепак виртуелна тура е одлична алтернатива.

0 коментари Прочитај 17 февруари, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа

Марко Чаласан – IT Моцарт

Наместо да предаваме во училница и да трошиме и печатиме книги би можеле да правиме и HD едукација, значи да направиме телевизиска едукација на голем број корисници, повеќе отколку што собира едно училиште. Вака размислува 9-годишниот Марко Чаласан кој неодамна стана најмладиот Мicrosoft систем администратор во светот.

6 коментари Прочитај 17 февруари, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Интернет гиганти против австралиската цензура

Google и Yahoo се придружија на независните организации, корисниците и групите хакери, со цел да ја одвратат австралиската влада од воведување филтри за цензура и блокриање пристап до сајтови за кои властите ќе ги оценат како „сајтови со недолична содржина“.

0 коментари Прочитај 16 февруари, 2010
Мени
Заедница
Изглед