1 коментар 1 мин. читање

И YouTube со нов дизајн

„Овој дизајн е најголемиот во историјата на YouTube и го поедноставуваме изгледот и функционалноста на страната за видео.“ вели YouTube на својот блог.

Дизајнот е чист и интересен, а најголемата новина е промената на начинот на кој се рангираат видеата. Претходно се користеа ѕвездички, а сега YouTube додава опција налик на Facebook-овото "Like"која ќе придонесе видеата да се рангираат според тоа колко се „допадливи“. Има и брзо "Share" опција за споделување на видеото на друштвените мрежи. Објаснувањето на видеото е веднаш под истото, што ослободува навистина простор од десната страна за директно промовирање на слични видеа, наместо досегашните мали прозорчиња кои требаше да се скролаат за да се види листата на видеата.

Доколку сте збунети со новиот YouTube дизајн, сервисот има одличен водич кој ја објаснува секоја новина, а кој може да се најде од десната страна на видеото.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top