0 коментари 1 мин. читање 23 февруари, 2010

Далеј Лама отвори Twitter профил

Вчера Ев Вилијамс, ко-основачот на Twitter, твитна „Се сретнав со Далеј Лама и му кажав за Twitter. Тој се изнасмеја“. СЕпак многу бргу се појави официјален профил на тибетантскиот лидер.

Профилот на Далеј Лама го води неговиот тим т.е „Канцеларија на неговото светост“ и го користат за да привлечат публика на својот сајт. Оваа практика ја применуваат се поголем број политички лидери, кои преку тимови, а некои и лично, се одлучуваат да се вклучат во друштвените мрежи.

Покрај интеракцијата со луѓето, во случајот на Далеј Лама, и претходно со иранската опозиција и протестанти, сервиси како Twitter и други друштвени мрежи помагаат да се рашири цензурираната идеја. Како и темата за ослободување на Тибет така и Twitter е забранет во Кина. Но, интересно, и таму политичките лидери, пред се претседателот на Кина Ху Јинтао стартуваше профил на локален сервис за микро-блогирање.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}