0 коментари 2 мин. читање 22 февруари, 2010

Стартуваше новиот Zero Science Lab

„Информациската безбедност во Македонија е на многу ниско ниво. Луѓето настојуваат да направат софтвер без безбедносни анализи и од брзањето да го објават програмот им паѓа рејтингот бидејќи софверот е полн со ранливости. Никој не обрнува внимание.“ вели Ѓоко Крстиќ, креаторот на Zero Science Lab.

Лабораторијата постои од 2007 година и има пронајдено ранливости на светски популарен софтвер, а истите се објавени од компаниите и тимови, како Adobe или milw0rm, со кои лабораторијата соработува за објавување на безбедносните предупредувања, како и проверки и анализи на софтверот. Целта на Zero Science Lab е да предупреди, вели Ѓоко, кој исто така е дел и од IT.com.mk тимот.

„Сакаме да ги информираме и продавачите на софтверот и луѓето. Па и хакерите ако треба за да ги нападнат и да ги освестат администраторите дека треба да превземат нешто за безбедноста на софтверот, како и за безбедноста на корисниците.“

Повеќе за ранливостите, соработката со компаниите и за Zero Science Lab ќе прочитате на „новиот 2.0 сајт“. Посетете го и Zero Science блогот каде се објавуваат пронајдените ранливости како на светски, така и на .mk сајтови.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}