Виктор Дано

2.842 написи активност: 12/2008 - 10/2016

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Мобилни

Android е инспиративeн, вели Томче Делев, креаторoт на Везилка

Возбудливо и интересно. Вака Томче Делев го објаснува развивањето на Android апликации. Негови апликации се Везилка, игра со зборови и Share Later, апликација која чека телефонот да се поврзе на Wi-Fi за да сподели податоци со цел да ги намали интернет трошоците. Двете симнати меѓу 1.000 и 5.000 пати, додека сега тазе објавената едукативна игра за препознавање знамиња на земји, FlagSpotting е симната меѓу 100-500 пати. Томче е и еден од основачите на Teknuvalo.mk, .мк сервис за прашања и одговори за се што е програмерско.

3 коментари Прочитај 16 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Интервју со Мафиа.мк, веб сајт на годината

Играта започна како хоби, а потоа стана посериозен проект, вели Трајче Петров, еден од креаторите на Мафиа.мк, веб игра која е прогласена за сајт на 2010-та од читателите на IT.com.mk.

23 коментари Прочитај 15 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

МВР бара да се изгаснат агресивните Facebook групи за црквата на Кале

МВР побара од Facebook да се избришат групите за црквата на Кале каде се споделува агресивна содржина, се шири говор на омраза и каде се повикува етничко чистење. Групите станаа место за препопукување и верска и етничка нетрпеливост по неодамнешниот инцидент на скопското Кале каде две етнички групи се степаа меѓу себе.

11 коментари Прочитај 15 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

Запознајте ги ChaCha и Salsa, првите Facebook телефони на HTC

Гласините беа точни. HTC претстави два нови уреди, два Facebook брандирани телефони со име ChaCha и Salsa, како латино-американските танци. Телефоните работат на Android 2.3 Gingerbread оперативниот систем со HTC Sense интерфејс, а тоа што е новина кај нив е физичко Facebook копче на уредот кое води директно на друштвената мрежа. Преку копчето корисниците ќе можат веднаш со еден клик да споделат содржина, слика, пост, локација или видео на Facebook.

1 коментар Прочитај 15 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи ИТ.МК

Друштвенaта омраза и инцидентот на Кале

Facebook ја демистифицираше розeвaта .мк реалноста во која постои соседски соживот и го истакна гневот и етничката омраза. После инцидентот на Кале доволно е да фрлиш швајцарско ножче во апсурдните, параноични и агресивни коментари на Facebook и да си седиш и гледаш како се слеваат реки од крв.

22 коментари Прочитај 14 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Wikileaks остана без безбедносен софтвер; oтвори веб продaвница

Контроверзниот веб сајт за објавување доверливи документи остана без својот безбеден софтвер за доставување нови доверливи документи, тврди поранешниот втор човек на Wikileaks, Даниел Домшеjт-Берг кој објави книга Inside Wikileaks за неколкуте години поминати со основачот и негов „најдобар пријател“ Џулијан Асанж. Г. Домшеjт-Берг е еден од членовите кои се оделија од Wikileaks поради несогласување г. Асанж за како да се води сајто и сега планираат да стартуваат нов таков сервис - OpenLeaks.

1 коментар Прочитај 11 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

Nokia ќе користи Windows Phone ОС на своите телефони

Има други мобилни екосистеми. Ние ќе ги пореметиме!, велат Microsoft и Nokia најавувајќи го партнерството со кое Nokia ќе користи Windows Phone како пример мобилниот оперативен систем за своите телефони и идни таблет компјутери, ќе го користи Bing како пребарувач, Microsoft ќе користи Nokia Maps, и двете компании ќе работата на идни идеи за развој на апликации и мобилни уреди.

5 коментари Прочитај 11 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

И Facebook фан страните го добија новиот дизајн, сега имаат нотификации

Фан страните на Facebook го добија новиот дизајн кој беше достапен за личните профили веќе некое време. Со новиот дизајн фан страните ги добија петте најнови слики под основните информации, што е можност за креативност, табовите се ставени лево, поистакната е бројката на фановите, а од десно има повеќе место за рекламите... исто како и кај личниот профил.

4 коментари Прочитај 11 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет Софтвер

Словенечкиот стартап Vox.io победи на лондонскиот Seedcamp

Љубљанскиот Vox.io е единствениот регионален стартап и еден од трите победници на лондонскиот натпревар за стартапи Seedcamp.   Vox.io е VoIP веб апликација за телефонски и видео повици преку интернет, директно од прелистувачот. Со Vox.io не симнувате софтвер како што е пример со Skype туку се логирате веднаш од прелистувачот.

3 коментари Прочитај 10 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Совети

Layers е елегантен друштвен агрегатор

Layers е нова веб апликација за Chrome која ви ги персонализира и листа најновите информации од Facebook и Twitter, како и од RSS каналите на други веб сајтови. Layers e налик на агрегатор или RSS читач, но стилизирана и елегантна апликација.

1 коментар Прочитај 10 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Претставен е-Дневник, алатка за родителите да ги следат оценките на децата

Eлектронскиот дневник е бесплатен сервис, проект кој треба да ја подобри комуникацијата меѓу наставниците и родителите, да овозможи едноставен увид на родителите во училишните дневници и оценките на нивните деца, вели Министерството за образование.

29 коментари Прочитај 10 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Хак-атак/Приватност

Марк Закерберг го следи Facebook манијак, побара судска заштита

Со свој стап по грб? Најверојатно оваа ироничната поговорка може да го објасни случајот на основачот на Facebook, Марк Закерберг кој побара судска заштита од Facebook 31 годишен манијак Прадип Мануконда кој го следел и праќал налудничави пораки кон Закерберг, неговата сестра и неговата девојка пишувајќи дека „навистина ми треба вашата помош... моја драга сестро“, пишува веб сајтот TMZ.

2 коментари Прочитај 9 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

МАРНет стартува наскоро, ќе има јавна расправа за новиот правилник

МАРНет, агенцијата за регистрирање на .мк доменот, ќе стартува „наредната недела“, ќе работи според стариот правилник до март, кога ќе биде подготвен новиот правилник кој ќе биде претходно ставен на јавна расправа. Ова го вели новиот директор на МАРНет и советник во МИО, Сашо Димитријоски во интервју за Нова Македонија.

1 коментар Прочитај 9 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Објавени се првите 4 видеа од TEDxSkopje 2010

TEDxSkopje објави 4 видеа од конференцијата, сигурно набрзо ќе бидат објавени и останатите осум. Можеби почекавме за видеата, но бидејќи е прв локален TEDx настан воден од волонтери сепак нема забелешки.

1 коментар Прочитај 9 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Совети

Споделувајте видео со Twitpic

На Twitpic, популарниот сервис за закачување фотографии и нивно споделување нa Тwitter, од сега ќе може да закачувате и видеа, што е логички чекор напред за сервисот кој има, според основачите, над 17 милиони корисници и дневно додава по 30.000 нови корисници.

0 коментари Прочитај 9 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

CIA и МВР станаа подруштвени

Американската Централната разузнавачка агенција (CIA) додаде друштвени елементи на својот веб сајт, додавајќи линк до својот YouTube канал, односно линк до новиот профил на сервисот за споделување фотографии Flickr, претстави верзија за деца со видео турнеја низ својот штаб.

0 коментари Прочитај 9 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Совети

Oдберете си персонализирани URL на Vimeo видеата

Видео сервисот Vimeo овозможи корисниците да си одредат своја, персонализирана URL адреса на своите видеа. До сега видеата на Vimeo има доволно кратка адреса за лесно споделување, но составена од 7-8 бројки со што беше тешка за помнење. Пример, http://vimeo.com/17853140 .

0 коментари Прочитај 8 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Надополнето: Time.mk остана сив, ги тргна сината и црвена верзија

<Надополнето:> Time.mk за кратко време од објавувањето ја тргна сината и црвена верзија поради незадоволство на корисниците. Дискусијата за црвен и син пристрасен Time.mk можете да ја прочитате во коментарите подолу, каде има доста интересни коментар што го критикуваат Time.mk бидејќи „етикетира“, но и коментари кои се сложуваат дека македонските медиуми се пристрасни.

57 коментари Прочитај 8 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Хак-атак/Приватност

Како до побезбеден Интернет?

Застрашувачки. Порнографија. Сајбер малтретирање. Кражба на лични податоци... ова се популарните теми денес, 08 февруари 2011, на светскиот Ден за детската интернет безбедност.

2 коментари Прочитај 8 февруари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Совети

Сокријте си го правиот имејл со Hotmail алијаси

Hotmail доби кул опција со која може да си го сокриете правиот имејл, односно да користите алијас имејл со што ќе може да се заштитите од спам и несакани пораки додека користите разни веб сервиси.

0 коментари Прочитај 8 февруари, 2011
Мени
Заедница
Изглед