Android е инспиративeн, вели Томче Делев, креаторoт на Везилка

во ИТ.МК, Мобилни

„Да се развиваат апликации за една платформа која од самиот почеток е посветена кон развивачите за што поедноставен и подобар процес на развој на апликации е многу интересно и забавно. Притоа да се биде дел од тој би рекол не нормален раст на платформата е само по себе инспиративно меѓутоа и многу предизвикувачки знаејќи го бројот на апликации кои секојдневно се објавуваат, а уште повеќе и бројот на Android телефони кои се произведуваат и продаваат.“, вели тој.

Од трите лично ми се допадна Share Later, посебно концептот на апликацијата која е дефинитивно корисна. Но, интересно, Томче вели дека проблем со неа е да се објасни што таа работи на корисникот. Вели, идејата може да е иновативна, но не и пресуден фактор.

„Сметам дека добрата идеја воопшто не е пресуден фактор за тоа дали ќе успее или не една апликација. Целиот процес е многу покомплициран. Најпрво од првичната идеја треба да се дојде до квалитетна имплементација и тоа во најбрз можен рок. Потоа треба да се погодат многу фактори како тајминг, осмислен начин на промоција и најважно од се да се слушаат забелешките од корисниците, зошто некоја од најдобрите идеи или можности на апликацијата може да произлезе токму од нив. Инаку инспирација и идеи за апликации има милиони, а јас немам некој начин на кој доаѓам до идеите, едноставно некои идеи се инспирирани од секојдневието, некои се копија и модификација на некоја игра што сум ја играл и ми била интересна, некои од нив ги добивам во соработка и разговор со други развивачи итн.“

Споредувајќи го Android со другите мобилни платформи кои Томче ги работел во Creation Pal, iOS и Windows Mobile се еднакви според можностите, додека Symbian го избегнал бидејќи е „стара платформа“.

„За iOS i Windows Phone имам направено некои почетнички обиди, меѓутоа моето мислење е дека овие плаформи се на приближно рамниште со Android од аспект на можноста за брз развој на апликации и да се развива за нив е исто предизвикувачки како и за Аndroid. Сепак многу е тешко за развивач чија што примарен фокус не е развој на мобилни апликации да познава подеднакво добро повеќе платформи, а јас како член на .мк Java корисничката група (JUGMk) се одлучив за Android платформата пред се заради програмскиот јазик Јава, отвореноста на платформата и пристапност на алатките.“

Томче користи стандардни алатки за развој на апликациите, односно Android SDK од Google, потоа интегрираната околина за развој Eclipse со соодветниот додаток (plug in) и Inkscape за дизајн на векторската графика. Целиот развој го прави на Ubuntu дистрибуцијата на Linux и сите алатки се со отворен код (open source).

Томче ги поканува сите Android корисници да ги пробаат неговите апликации и да споделат искрени забелешки. И пофалби се разбира.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Zhilien
Zhilien
13 years ago

flagspotting e odlicna igra.mislam deka gi zarazi site od mojata okolina koi ja probaa.
a share later e super nacin kako da izbegnete da im plakate na mobilnite operatori pari za internet.

trackback

[…] This post was mentioned on Twitter by Goran Peoski, Tomche Delev. Tomche Delev said: Android е инспиративeн, вели Томче Делев, креаторoт на Везилка http://t.co/LTngsnC via @itcommk […]

azder
azder
13 years ago

би било добро да се направи еден подобар осврт на teknuvalo.mk

види ги сите огласи на kariera.it.mk