11 коментари 1 мин. читање

МВР бара да се изгаснат агресивните Facebook групи за црквата на Кале

Единицата за борба на компјутерски криминал побара од Facebook отстранување на групите, но и IP адресите на администраторите и корисници кои постираат одвратна содржина. Знаејќи ја полисата на Facebook, се очекува страните да бидат тргнати.

„Одделот за компјутерски криминал од своја страна ги сними и ги документираше сите членови на групите и поддржувачите, како и профилите на лицата кои прифатиле да учествуваат по поканите испратени за нови пресметки на Кале.“, се вели во соопштението.

Според извори од МВР, ова значи дека се собираат информации и се прави анализа која подоцна ќе биде претставена на јавното обвинителство за да се одредат понатамошни мерки.

Моја претпоставка е дека поединечно гонење на секој корисник не би било можно бидејќи се работи за илјадници луѓе, голем дел гневни тинејџери и студенти кои само коментирале на веќе поставени страна. Но можно е одговорност да се побара кај администраторите на групите и организаторите на настаните, бидејќи некои од нив и самите учествуваат со ширење говор на омраза и одвратна содржина на Facebook, а и имаат делумна одговорност за немодерирање на страните.

МВР апелира до сите посетители на социјалните мрежи да се воздржат од говор на омраза и да престанат со повикување на насилство, бидејќи ќе бидат преземени сите неопходни мерки за нивно идентификување и спречување во намерите.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

11 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top