1 коментар 1 мин. читање

Запознајте ги ChaCha и Salsa, првите Facebook телефони на HTC

„Со над 500 милиони активни корисници ширум светот, Facebook стана синоним за друштвениот Веб и сакавме да креираме комплетно друштвено поврзани телефони за масовниот пазар.“, вели директорот на HTC, Питер Чоу. Интересно, во јавното соопштение стои дека Facebook и HTC работеле неколку години за донесување на Facebook на HTC телефоните.

ChaCha има 2.6-инчен екран со 480×320 резолуција, 5 мегапиксели камера со LED блиц и предна VGA камера, и QWERTY тастатура што го прави телефонот лесен за пишување на Facebook статуси. (слика погоре)

Salsa-та има екран на допир без физичка тастатура, со 3.4-инчен екран со 480×320 резолуција и истите камери како кај ChaCha. И двата телефони имаат 600 MHz процесор и 512 МB RAM и внатрешна меморија. (видео подолу)

Двата телефони ќе се појават во продажба отприлика на средина на 2011-та година, и се очекува истите да бидат поевтини бидејќи таргет групата се Facebook корисниците т.е. млади и друштвени луѓе.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top