0 коментари 1 мин. читање

Сокријте си го правиот имејл со Hotmail алијаси

Hotmail веќе дозволува да се додаде знакот + и дополнителен термин како дел од имејл адреса. Пример, наместо [email protected] може да креирате [email protected] адреса за сајтови за купување, со што пораките на овој алијас ќе бидат добиени во соодветен фолдер. (оваа опција е достапна и за Gmail)

Но, и со + е лесно да се открие адресата, вели Microsoft на својот блог претставувајќи ги имејл алијасите со кои може да се креира комплетно различна имејл адреса преку која може да добивате пораки на примарниот имејл, без никој да ја дознае примарната адреса.

„Да кажеме дека купувате нова кола. Има куп сајтови кои ќе ви пратат имејл со цената и други детали. Додека пребарувате за кола, овие детали се добредојдени, но кога ќе завршите, тие стануваат проблем кој е тежок да се сопре. Со користење на алијас може да го избегнете ова. Кога ќе завршите, само изгасете го алијасот и нема да добивате несакани пораки.“

Hotmail корисниците ќе можат да искористат 5 алијаси во текот на една година, а ќе може да чувате 15 алијаси на вашиот Hotmail профил.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top