0 коментари 1 мин. читање 8 февруари, 2011

Oдберете си персонализирани URL на Vimeo видеата

Сега со персонализираните адреси корисниците ќе можат да ги споделат своите видеа со лесна за полнење адреса.

Новите персонализирани URL-a на Vimeo содржат одберено корисничко име и дополнително име на видеото. Пример, http://vimeo.com/staff/video-editing-basics каде staff е корисничкото име, а второто е името на видеото. Сетирањето на персонализираното URL се прави преку Me менито -> Settings -> Shortcut Url.

„Уште една забелешка: ова е само префрлување од сега. Тоа значи дека е чисто естетски (без SEO вредност) и вие секогаш ќе завршите со верзијата со „бројки“ на страната на видеото.“, вели Vimeo на својот блог.

Покрај персонализирани URL-a, Vimeo го подобри вметнувањето на HD видео за Plus, премиум, корисниците и претстави опција со која може да се скрие корисничката активност на профил страната.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top