Avatar photo

Дејан Соколоски

8.751 написи активност: 04/2011 - 08/2026

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни

Првите Ubuntu телефони кои ќе се појават во 2014-та година ќе бидат од Meizu и BQ Readers

Canonical конечно ќе го презентира повеќе податоци за Ubuntu телефоните на годинешнaта Mobile World Congress во Барселона. Засега е познато дека првите два телефони кои доаѓаат во 2014 година се од кинескиот производител Meizu и шпанскиот производител BQ Readers. Освен ова до 2015 година се најавени два големи производители на телекомуникациска опрема, кои ќе се […]

0 коментари Прочитај 20 февруари, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Софтвер

Студиото зад BioShock, Irratiоnal Games, престана да работи

Студиото Irrational Games, познато по BioShock серијалот, ненадајно одлучи да престане со работа. Изненадувањето е уште поголемо бидејќи огромен број од фановите на играта ja прогласија токму BioShock Infinite за најдобар дел од серијалот. Петнаесет члена и лидерот Кен Левин одлучија да го затворат студијото и да направат помал тим со кој ќе работат на […]

0 коментари Прочитај 20 февруари, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Софтвер

Google Map Maker сега е достапен во Хрватска, Словенија и Грција

Google Map Maker е достапна во Хрватска, Словенија, Грција, Естонија, Литванија и Словачка. Алатката им овозможува на корисниците да помагаат во подобрување на Google Maps креирајќи свои мапи. Корисниците можат да ги уредуваат Google мапите со тоа што ќе додадат или уредат локации, додавање на пат и преглед на останатите промени од корисниците. Google Map […]

4 коментари Прочитај 20 февруари, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи Мора да прочиташ

Facebook го купи WhatsApp за неверојатни 19 милијарди долари

Загрижен дека мобилните апликации за чет ќе го одвлечат вниманието на корисниците од друштвената мрежа, Facebook се реши да го купи WhatsApp за неверојатни 19 милијарди долари. Оваа сума, која Facebook на WhatsApp ќе му ја исплати во пари и акции, е рекордна зделка во ИТ индустријата до сега. Oколу 4 милијарди ќе бидат исплатени […]

1 коментар Прочитај 20 февруари, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Совети

Апликација на денот: Претворете го вашиот стар Android телефон во бебешки монитор со Dormi

Dormi e Android апликација која им дава нова улога на старите телефони или таблет компјутери кои не ги користите. Апликацијата ги претвора овие уреди во бебешки монитори кои се далеку подобри и покорисни од останатите слични уреди, вели LifeHacker. Една од предностите е што Dormi овозможува на мониторот да му се доделат повеќе уреди за […]

1 коментар Прочитај 19 февруари, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хардвер

Nvidia ја претстави Maxwell архитектурата; најави супериорни графички картички

Nvidia ја најави следната генерација на графички карти Maxwell со која ќе се замени Kepler архитектурата. Се чини дека компанијата овојпат ја започнува серијата со графички картички со разумна цена, бидејќи претставените GeForce GTX 750 и GeForce GTX 750 Ti чинат по 120 и 150 долари. Клучната разлика со претходната Kepler архитектура е што овојопат […]

0 коментари Прочитај 19 февруари, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет Хардвер

Човек против машина: Пинг-понг натпревар помеѓу робот и поранешниот шампион Тимо Бол

Во 1997 година кога Deep Blue го победи Гари Каспаров во шах, и иако ова не беше првиот натпревар во шах на човек против компјутер, беше пресвртница и голема победа за компјутерите. Натпреварот помеѓу луѓето и машините оттогаш продолжи, а сега се чини дека на ред се физичките спортови. Германскиот производител на индустриски роботи Kuka […]

2 коментари Прочитај 19 февруари, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни Софтвер

Windows Phone 8.1 ќе има „swipe“ тастатура

Windows Phone со 8.1 Blue надградбата ќе има swipe тастатура. Microsoft работи на интегрирање на тастатура за Windows 8.1 со која ќе може да се пишува со движење на прстите, не со куцање, а благодарение на сајтот Unleash the phone, веќе може да видиме и како ќе функционира тастатурата. Слично како и Android тастатурата, корисниците […]

0 коментари Прочитај 19 февруари, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни

X е првиот Android телефон од Nokia

Nokia се подготвува за издавање на својот Аndroid телефон. Телефонот со име Normandy се очекува да биде презентиран до крајот на февруари, најверојатно на настанот кој го најави финскиот гигант од 24 до 27 февруари во склоп на Mobile World Congress во Барселона. Nokia X. pic.twitter.com/meA05ALusT — @evleaks (@evleaks) February 17, 2014 Информациите повторно доаѓаат […]

0 коментари Прочитај 19 февруари, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

Аpple сака да инвестира во медицината и електричните автомобили на Tesla Мotors

Заситувањето на светот со паметни телефони и таблет компјутери гo тера Apple да бара нови пазари, но не за своите уреди, туку за своите идни инвестиции како паметни автомобили, јавува SF Gate. Според шпекулациите, Адријан Перица, одговорниот за аквизиции во Apple, имал средба со извршниот директор на Tesla Motors, Елон Маск, на која тема на […]

0 коментари Прочитај 18 февруари, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Софтвер

Креаторите на Rock Band работат на чуден музички шутер

Студиото Harmonix кое стои зад видео игрите Rock Band и Dance Central ќе се обиде во нов жанр – музички шутер. Слично како и во останатите игри во FPS жанрот, фокусот ќе биде на мултиплеер играњето, но за разлика од останатите игри во Chroma играчите ќе се напаѓаат со музика. Музиката во играта ќе има […]

0 коментари Прочитај 18 февруари, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Совети Софтвер

Bing Code Search ќе ви помогне да најдете решенија во Visual Studio 2013

Microsoft ја подообри својата алатка за програмери Visual Studio 2013 со додавање на новата екстензија која им овозможува на .NET програмерите да пребаруваат за употребливи кодовите на MSDN, Stackoverflow, Dotnetperls и CSharp 411. Пребарувањето е едноставно, а на Intellisense е додадена нова опција „How do I…“ со која сe отвора прозорецот преку кој програмерот поставува […]

0 коментари Прочитај 18 февруари, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи Мобилни

Facebook полека се претвара во мобилна мрежа

Дури половина од Facebook препораките (или referral traffic) доаѓаат од мобилни платформи покажува нова анализа на Shareaholics, кој последните пет месеци следи над 250 милиони корисници кои се поврзуваат со 200.000 издавачи. Последниот месец процентот од посети од Facebook е 16,21 отсто од кој од телефони доаѓа дури 8,25 отсто или 51 отсто од вкупниот […]

0 коментари Прочитај 18 февруари, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хардвер

Google, Apple и Microsoft се заинтересирани за фитнес часовникот на Basis Science

Google сака да го види стартапoт Basis Science во своите редови, но гигантот не е единствениот кој е заинтересиран за оваа компанија и нејзиниот часовник кој го следи здравјето на корисникот. Покрај Google заинтересирани се и Apple, па дури и Microsoft и Samsung, јавува Techcrunch. Според шпекулациите, Basis Science е речиси сигурно во преговори со […]

0 коментари Прочитај 18 февруари, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Свет

Google сака да понуди Интернет кој е 1.000 пати побрз од тој што го имате сега

Google работи на следната генерација на интернет конекција која ќе биде 1.000 пати побрза од таа што е достапна во моментов за корисниците. „По еден гигабит, ќе имаме 10 гигабита. Па компанијата веќе работи на 10 гигабити“ изјави Патрик Пичет од Google, на конверенцијата Goldman Sachs Technology and Internet во Сан Франциско. „Поголемата брзина ќе […]

0 коментари Прочитај 17 февруари, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет Софтвер

Истражувачи направија алгоритам кој може да предвиди револуции

Група истражувачи од Универзитетот Дјук креираa алгоритам кој може да предвиди револуции ширум светот. ICEWS (Integrated Crisis Early Warning System) е систем кој ќе им помогне на САД при анализирањето на политичката ситуација, а Ward лабораторијата го изработи под покровителство на DARPA. Алгоритмот веќе со точност ги предвиде влошувањето на состојбата во Парагвај, кога пред […]

0 коментари Прочитај 17 февруари, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб

Интернет троловите се психопати и садисти, се вели во ново истражување

Интернет троловите ги имаат сите потребни особини да бидат садисти и психопати кои тролаат за да ги гледаат другите како патат. За да биде уште полошо, тие карактеристики стануваат поистакнати ако поминуваат повеќе време онлајн, вели нова студија од Универзитетот Манитоба. За среќа, само мал процент од корисниците ги имаат тие карактеристики. Истражувачите открија дека […]

0 коментари Прочитај 17 февруари, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.ЕУ Хак-атак/Приватност

Меркел предложи Европскa мрежа како заштита од масовното прислушување

Германската канцеларка Ангела Меркел, чиј приватен телефон беше прислушуван од NSA, предлага борба против масовното шпионирање со креирање на Европска мрежа. Се очекува ова да биде едена од темите на разговорите неделава на средбата со францускиот претседател Франсоа Оланд. Според очекувањата, г. Оланд, и самиот критичар на активностите на американските власти, ќе ја поздрави соработката […]

0 коментари Прочитај 17 февруари, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Софтвер

Titanfall beta е достапна за Xbox One, наскоро и за PC

Titanfall е една од игрите кои без сомнение се најочекувани во 2014 година. Веќе е започнато бета тестирањето за Xbox Оne конзолaта, а со оглед на тоа дека станува збор за стрес тест на серверите, очекувањата се дека наскоро ќе се приклучат и РС тестерите. Ok, just heard from @jonshiring. His words are 'Let's break […]

0 коментари Прочитај 17 февруари, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни Софтвер

Гневните корисници го спречија PopCap со злобен „тест“ да им наплаќа за Plants vs Zombies

По гневот на корисниците, креаторите на популарната мобилна игра Plant vs Zombies го вратија стариот начин на плаќање, објаснувајќи за BBC дека претходниот обид за наплата на делови од играта бил „тест“. Станува збор за обидот на PopCap Games по секое искористување на косилките за трева да биде неопходно корисникот да плати за да ги […]

0 коментари Прочитај 14 февруари, 2014
Мени
Заедница
Изглед