Samsung во Барселона ја претстави следната генерација паметни часовници Gear 2, кој ќе треба да биде додаток на новиот Galaxy S5 телефон. Новата серија засега има две верзии Samsung Gear 2 и Gear 2 Neo. Најголемата новина покрај недостигот на Galaxy во името, е промената на оперативниот систем, Samsung нема да користи Android за новите часовници, туку ќе го користат сопствениот оперативен систем Tizen.
Gear 2 часовниците се со 1,63 инчен AMOLED дисплеј со резолуција 320 х 320 и двојадрен процесор од 1 GHz. Часовникот доаѓа со 512 MB RAM и 4 GB слободен простор. За разлика од претходникот позицијата на камерата е променета и сега е на часовникот. Се чини дека единствена разлика помеѓу Gear 2 и Gear 2 Neo e камерата која недостасува на Neо што го прави нешто полесен, а со оглед на трапавоста со која е решено фотографирањето нема да им недостасува на најголемиот број на корисници. Капацитетот на батеријата е поголем во споредба со преходникот од 215 mAh на 300 mAh, што овозможува работа од 2-3 дена или 6 дена во мирување. Двата часовници ќе бидат достапни во неколку бои: црна, портокалова и златно-кафена за Gear 2 и сива, црна, и портокалова за Gear 2 Neo, јавува Samsung.
Сепак најинтересн дел од Gear 2 е оперативниот систем Tizen, кој по веста дека Google и Samsung ги надминале проблемите, изгледаше дека ќе биде заборавен во фиока. Јужнокорејската компанија објаснува дека Tizen е поекономичен со батеријата на часовникот. Со оглед на тоа дека сè уште станува збор за нов екосистем, недостигот од апликации со „затворањето“ на Google Play нема да претставува проблем, уште повеќе бидејќи најголемиот број на Android апликации не работеа на часовникот.
Ова се разбира значи дека сите апликации на телефонот барем засега доаѓаат од Samsung и според се ниеден од досега излезените паметни ласовници не успева да пронајде примена која ќе биде различна од примена во рекреација. Педометарот од претходниот модел останува, а новитет е сензорот кои овозможува отчитување на пулсот. Покрај ова доаѓаат поголем број на апликации кои овоможуваат следење на кондицијата на корисниците и „личниот“ тренер, а тука е и можноста за bluetooth стрим на музика додека корисниците вежбаат. Новитет е и IR-сензорот кој ќе го претвори часовникот во далечински управувач.
Samsung најави дека паметните часовници ќе бидат достапни од април, а најверојатно по истата цена како претходникот, 300 долари. Најавата за Gear 2 ја преполови цената на Galaxy Gear кој сега чини околу 150 долари.
Samsung Gear Fit
Покрај двата часовника, Samsung на GMC во Барселона претстави уште еден преносен уред, паментната алка Samsung Gear Fit. Алката, која не работи ниту на Android ниту на Tizen, доаѓа со 1,84 инчен Super AMOLED дисплеј, сензори за брзина, жироскоп и мерење на пулсот. Батеријата на паметната алка трае нешто 3-4 дена со вообичаено искористување, до пет дена во мирување. Како и Gear часовниците и Samsung Gear Fit пред се е фитнес додаток, па алката ќе доаѓа со апликации кои го следат вежбањето и тренингот како педометар, монитор на срцеви отчукувања, штоперица, тајмер и слично. Освен ова на алката пристигаат известувања од апликациите, дојдовни повици на телефон, известувања од планер и имејл. Samsung Gear Fit доаѓа во април, засега без најава за цената.
[youtube]3KtKb1b0dyU[/youtube]








