Windows Phone 8.1 ќе има „swipe“ тастатура

0 коментари 1 мин. читање

Windows Phone со 8.1 Blue надградбата ќе има swipe тастатура. Microsoft работи на интегрирање на тастатура за Windows 8.1 со која ќе може да се пишува со движење на прстите, не со куцање, а благодарение на сајтот Unleash the phone, веќе може да видиме и како ќе функционира тастатурата. Слично како и Android тастатурата, корисниците ќе го пишуваат текстот со повлекување преку дисплејот и запирање. Покрај ова тастатурата овозможува автоматско почнување на речениците со голема буква, препораки за емотикони во зависност од употебените зборови. Заедно со нотификациите и гласовниот асистент Cortana, доаѓа и вметнување на позадини, префрлање на апликациите на SD картички, паметна синхронизација на имејл и уште подолга листа на промени и дотерувања. Јасно е дека Windows Phone 8.1 ќе биде голема надградба, а оперативниот систем се движи во вистинска насока.

[youtube]PEdVSMrs0Rw[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top