1 коментар 1 мин. читање

Апликација на денот: Претворете го вашиот стар Android телефон во бебешки монитор со Dormi

Dormi e Android апликација која им дава нова улога на старите телефони или таблет компјутери кои не ги користите. Апликацијата ги претвора овие уреди во бебешки монитори кои се далеку подобри и покорисни од останатите слични уреди, вели LifeHacker. Една од предностите е што Dormi овозможува на мониторот да му се доделат повеќе уреди за родителите наместо традиционалниот еден уред кај бебето и еден кај родителите. Освен ова, аликацијата овозможува автоматско зголемување на осетливоста на микрофонот, во зависност колку далеку е поставена од бебето. Вака креираниот монитор се поврзува на домашната WiFi мрежа или 3G/LTE. Апликацијата не е бесплатна, но за 7 долари корисниците можат да користат седум телефони за неограничен период.

[youtube]eArieoSQfXM[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top