Nokia се подготвува за издавање на својот Аndroid телефон. Телефонот со име Normandy се очекува да биде презентиран до крајот на февруари, најверојатно на настанот кој го најави финскиот гигант од 24 до 27 февруари во склоп на Mobile World Congress во Барселона.
Nokia X. pic.twitter.com/meA05ALusT
— @evleaks (@evleaks) February 17, 2014
Информациите повторно доаѓаат од Evleaks, а според нив веројатно е дека телефонот во продажба ќе доаѓа под името Nokia X. Освен ова познати се и дел од спецификациите на телефонот. Normandy ќе доаѓа со 512 МВ RAM, 4 GB слободен простор, 4-инчен екран и 1 GHz Snapdragon процесор. Според овие спецификации телефонот наликува на Nokia Lumia 520, но се разбира овој пат со Android оперативен систем. Засега останува непозната верзијата на оперативниот систем која ќе ја подржува телефонот, но извесно е дека Nokia ќе понуди дел од своите апликации во Nokia Store.







