Иако е нов, Samsung Galaxy S5 е нешто што веќе сме го виделе

3 коментари 2 мин. читање

Следната генерација на Samsung Galaxy телефоните пристигна. Јужнокорејскиот гигант на World Mobile Congress во Барселона го претстави Samsung Galaxy S5, заедно со папметните Galaxy Gear часовник и Galaxy Fit алката. Новиот телефон наликува на исполирана верзија на Galaxy S4, и доаѓа со Android 4.4.2 оперативен систем и куп новитети.

Тоа што е ново во S5 е биометрискиот сензор за отклучување на телефонот кој по iPhone сега го гледаме и на Galaxy. Освен отклучување на телефонот скенирањето на отпечатокот овозможува пристап до приватни податоци и слики на телефонтот, а можно е нагодување за „kid mode“ во зависност од отпечатокот. Можеби најголема предност читачот на отпечатоци е соработката со Pay Pal и можноста да се авторизира онлајн исплата. Индексот на заштита на телефонот е IP67, односно заштитен од навлегување на прашина и водоотпорен на длабочина од 15 cm до 1m.

Новата верзија традиционално е поголема од претходникот, иако овој пат ова речиси не може да се забележи бидејќи S5 доаѓа со 5,1-инчен Super AMOLED 1080р дисплеј, а првото што се забележува е подобрата изработка на пластиката за разлика од сите претходни модели, која сега е изработена по примерот на Nexus 7. Процесорот на Galaxy S5 е 2,5 GHz Snapdragon 800, а доаѓа со 2 GB RAM и 16 или 32 GB простор. Телефонот доаѓа со задна камера со 16МР и предна 2.1 МР камера. Samsung во овој модел додаде автоматски HDR, а за разлика од конкуренцијата опцијата ќе функционира и при снимање на видео. Камерата доаѓа и со Selective Focus кој овозможува рефокусирање на фотографијата и по фотографирањето. Samsung е еден од ретките производители кои сè уште користи батерии кои може да се променат, батеријата на S5 e 2800 mAh и овозможува 390 часови мирување или 21 час во разговор.

Се чини дека сите производители се одлучени своите уреди да ги понудат како фитнес додаток, а и Samsung не се разликува од останатите. Телефонот доаѓа со монитор на работа на срцето и подобрена S Health апликација од Samsung. Апликацијата одлично ќе ги гористи предностите на Gear часовниците и Gear Fit паметната алка и ќе им дава совети на корисниците додека вежбаат. Покрај апликациите од Samsung, телефонот се разбира доаѓа и со куп апликации од Google.

Samsung Galaxy S5 доаѓа во април, а оние кои го посакуваат за него ќе треба да издвојат 800 евра.

[youtube]oqPtA4hxpK4[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top