Nvidia ја најави следната генерација на графички карти Maxwell со која ќе се замени Kepler архитектурата. Се чини дека компанијата овојпат ја започнува серијата со графички картички со разумна цена, бидејќи претставените GeForce GTX 750 и GeForce GTX 750 Ti чинат по 120 и 150 долари. Клучната разлика со претходната Kepler архитектура е што овојопат графичката карта ќе може независно да ги исклучува CUDA јадрата кои не се користат во моментот, а со ова и да ја намали потрошувачката на енергија која ја има картичката. Оваа ефикасност кога енергијата е во прашање овозможи Nvidia да ја развива Maxwell архитектурата најпрво како мобилна, а дури потоа како десктоп графичка карта. Моќноста на картичките е 55 односно 60 вати.
Geforce GTX 750 Ti доаѓа со 640 CUDA јадра и работна фрекфенција од 1020 MHz која се покачува до 1085 Mhz. Картичката доаѓа со 2 или 1 GB GDDR5 меморија. Излезите се 2хDL-DVI, mini-HDMI и можност за Displayport 1.2 кој е неопходен за новата технологија која ќе биде интегрирана во мониторите Nvidia G Sync. Разликата помеѓу оваа и Geforce 750 верзијата е бројот на CUDA јадра која кај 750 е 512 и недостатокот од варијанта која ќе доаѓа со 2 GB RAM. За согелдување на моќта која ја носат овие графички картички Nvidia дава едноставен пример. Batman: Arkham Origins на Intel i5 процесор и HD 4600 интегриран графичка карта има 8 FPS (1920х1080, 4Х АА и просечен визуелен квалитет). Доколку на истиот компјутер му додадеме GeForce GTX 750 Ti бројот на фрејмови ќе порасне на 53.








