4 коментари 1 мин. читање

Google Map Maker сега е достапен во Хрватска, Словенија и Грција

Google Map Maker е достапна во Хрватска, Словенија, Грција, Естонија, Литванија и Словачка. Алатката им овозможува на корисниците да помагаат во подобрување на Google Maps креирајќи свои мапи. Корисниците можат да ги уредуваат Google мапите со тоа што ќе додадат или уредат локации, додавање на пат и преглед на останатите промени од корисниците. Google Map Maker e претходно достапен во Македонија, Србија, Албанија и Бугарија. (текстот е исправен благодарение на коментарите на Борисето, Петар и Горан)

Покрај додавање на места како ресторани и паркоби, корисниците можат да исцртаат и планински патеки и велосипедски патеки што е навистина одлична алатка за креирање на патишта кои пред се им се познати на локалните корисници. Мапите ќе помогнат за зголемување на и олеснување на квалитетот на искуството кое го имаат туристите кои доаѓаат во Хрватска и ги користат своите паметни телефони, што во последно време станува пракса.

„Корисниците во Хрватска одлично ги прифатија GEO услугите на компанијата Google кои се воведени во подолг временски период, вклучувајќи ги тука и Street View, Google Navigation или Traffic“, вели Јошко Мрнџе, директор на Google за Медитеранот за Vecernji.hr.

[youtube]qyXTvj-Mm9k[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top