Црногорскиот сајт за вработување Zaposli.me сака да се прошири и во соседните држави

во Свет

Zaposli.me е нов портал за вработување во Црна Гора, креиран од Антон Јуровицки и Данило Поповиќ, кој иако засега е ексклузивен за Црна Гора, идејата е да се прошири на државите од исто говорно подрачје и да се вклучат државите од регионот. Ситуацијата со невработеноста е релативно голема и во оваа балканска држава, што објаснува како по само неколку дена сајтот забележа 1.000 регистрации и 80 огласи кои нудат работа.

„Поради економската криза и рецесијата која го погоди целиот светот, а особено Европа и тоа југосисточниот дел на континентот, голем број на луѓе останаа без работа. Невработеноста се појавува како голем економско социјален проблем во општеството, а стапката на невработеност достигнува максимум кој може да го издржи стопанството. Инспирирани од ова, се одлучивме да стартуваме веб платформа која пред се ќе им помогне на невработенитеда дојдат до посакуваното работно место“, вели г. Јуровицки за Netokracija.

Принципот на работа е сличен како кај сите вакви сервиси. Корисниците се регистрираат и пишуваат куси биографии, а можат и да пребаруваат по понудените работни места. Интересно креаторите на Zaposli.me се фокусирани на видео биографија по која навистина се разликуваат од останатите сервиси, но сепак ќе мора да почекаме за резултатите околу прифаќањето на оваа пракса. Покрај видеата, Zaposli.me планира да реши уште еден проблем кој се појавува на сајтовите за вработување. Кога компаниите ќе запослат друг кандидат, сајтот ќе ги информираат сите други апликанти дека не се примени за да може да продолжат со барањето на работа.

[youtube]hfflQqd19lQ[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk