Google Project Tango е телефон кој следи 3Д движења

Google го најави Project Tango, 5-инчен паметен телефон со хардвер и софтвер кој може да го следи движењето на уредот во три димензии. Сензорите на телефонот овозможуваат дури 250.000 3Д отчитувања секоја секунда. Ова овозможува не само следење на движењето туку и креирање на 3Д мапа на секоја соба, ходник, влез, скали, што ќе отвори нови хоризонти за навигацијата по ентериерите.

Освен снаоѓањето во затворен простор, на пример трговски центри или магацини, што ќе овозможи корисниците да бидат упатувани до точната локација каде се наоѓа продуктот кој го бараат; мапирањето на ентериерот ќе овозможи далеку подобар живот за луѓето со нарушен вид кои ќе можат да се движат без асистенција. Покрај ова ќе биде овозможено поинакво и пореално искуство при гејмингот, бидејќи корисниците ќе можат да играат во околината која ги опкружува, на пример во дневната соба или во нивната зграда.

Google веќе има 200 прототипи кои ќе им бидат достапни на девелоперите. Дел од нив веќе се распределени за внатрешна навигација, видео игри и алгоритми за процесирање на податоците од сензорите, но настрана се оставени и уреди за најкреативните и најиновативните девелопери кои ќе пронајдат и нова примена за Project Tango. Девелоперите ќе треба да ги испратат своите најлуди и најхрабри идеи до Google, а до 14 март Google веќе ќе ги испрати овие уреди до девелоперите со најдобри идеи.

Со оглед на важноста и значењето кое ќе го овозможи мапирањето на ентериерот се поставува прашање зошто не е направено досега? Одговорот е едноставен – потребна беше преголема моќ на процесорот, што од друга страна предизвикува побарување за голем капацитет на батеријата и за процесорот, но и за сензорите кои ги прават овие отчитувања. Токму ова е предноста на Myriad 1 процесорот кој се користи во Project Tango. За споредба чиповите во 3Д платформата на Kinect имаат моќност околу 1 ват. Myriad 1 има моќност од неколку стотици миливати.

[youtube]Qe10ExwzCqk[/youtube]

Процесорот е дело на производителот Movidius чиј извршен директор е Реми Ел-уазан, кој за за Techcrunch објасни дека Myriad 1 е изработен врз сопствена архитектура и е ко-процесор кој е специјализиран за одредени операции, слично со M7 процесорот на Apple кој е поефикасен од главниот А7 процесор на iPhone,при следење на движење. Слично Myriad 1 се користи за специфични пресметки за кои е далеку пoфикасен од главниот процесорот на телефонот, а потоа овие податоци и пресметки ги испраќа до него.

Проектот е дело на Google ATAP (Advanced Technology and Project Group) еден од секторите на Motorola која Google се одлучи да го задржи. Покрај Tango, групата работи и на Project Аra и е дел од „moonshot tech“ групата на Google чија цел е реализација на идеи кои изгледаат речиси неостварливо.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments