Човек против машина: Пинг-понг натпревар помеѓу робот и поранешниот шампион Тимо Бол

во Свет, Хардвер

Во 1997 година кога Deep Blue го победи Гари Каспаров во шах, и иако ова не беше првиот натпревар во шах на човек против компјутер, беше пресвртница и голема победа за компјутерите. Натпреварот помеѓу луѓето и машините оттогаш продолжи, а сега се чини дека на ред се физичките спортови. Германскиот производител на индустриски роботи Kuka најаи натпревар во пинг-понг помеѓу еден од нивните роботи и Тимо Бол, поранешен шампион во пинг-понг и поранешен рекет број еден во светот, и најуспешен германски пинпонгар на сите времиња.

Роботот со кој ќе се натпреварува г. Бол е е напредна верзија на Agilus модел кој го произведува компанијата. Во натпреварот овој робот со пет осовини ќе биде прицврстен на земјата, што можеби ќе му даде предност на човекот. Но, со денешната напредна роботика, резултатот може да биде изненадувачки. Натпреварот е закажан за 11 март како составен дел од отворањето на првата фабрика на Kuka во Кина.

[youtube]_mbdtupCbc4[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
toteto
toteto
12 years ago

Тимо Бол ќе јади чупа, 0:7 за роботот. Со две камери што снимат барем 120fps и обичен декстоп компјутер можат да одредат многу лесно тракторијата на топчето. Со ова робот уште кога Тимо ќе го мани топчето знае каде ќе е кога е на неговата страна и соодветно ќе се подготви.

Можат да го направат роботот до тој степен нефер што да има супер сила, кога ќе го мани да му помини низ уши на Тимо.

види ги сите огласи на kariera.it.mk