Написи тагирани со twitter

526 написи
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Веб Друштвени мрежи

Тwitter сега со геолокација, Facebook наскоро

Twitter стартуваше опција за споделување локација. Oпцијата „Твитај ја локацијата“ по зададено е исклучена, што е добро за приватноста пред се на новите корисници, но и одлична опција за користење на геолокацијата да се означи местото на настаните.

0 коментари Прочитај 11 март, 2010
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Хак-атак/Приватност

Како А1 е исмејувана поради лажен Twitter профил

А1 ексклузивно: Груевски се договорил за промена на името. Гледајте на А1 вестите во 19 часот! Ова е твитот на @A1vesti кој беше објавен во четврток и кој направи за помалку од 30 минути, од почетокот на вестите до спортските вести, А1 од професионална телевизија да стане шарлатанска телевизија и да биде исмејувана од корисниците на Twitter, и исмејувањето да продолжи и по блогови и Facebook. Кредибилитетот на А1 како новинарска институција е дефинитивно нарушен бидејќи не само што споделуваат лажни информации, туку тие информации се скандалозни.

0 коментари Прочитај 6 март, 2010
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Совети

Твитајте на долго

Колку и да е интересен Twitter барајќи креативност да пишувате во 140 знаци сепак понекогаш е потребно да напишете нешто подолго. TwitLonger е сервис кој ќе ви овозможи да напишете повеќе и да го објавите тоа на Twitter. Но не ја објавувате целата порака туку само праќате линк до текстот.

0 коментари Прочитај 5 март, 2010
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Веб Друштвени мрежи

Над 10.000.000.000 твитови и продолжуваме да броиме…

За само 4 години по основањето, Twitter како релативно млада и непозната друштвена мрежа стигна до неверојатна бројка. Не се работи за милиони твитови, ниту за милијарда, туку за 10 милијарди твитови.

0 коментари Прочитај 5 март, 2010
Редакција
0
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Далеј Лама отвори Twitter профил

Тибетантскиот лидер е уште едно добро познато политичко име кое се приклучи на сервисот за микро-блогирање кој иако ограничува само 140 знака сепак се покажа како одличен сервис за комуникација и интеракција меѓу политиката и обичните граѓани. @DalaiLama за само 1 ден има над 50.000 следбеници на сервисот.

0 коментари Прочитај 23 февруари, 2010
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Веб

Google Buzzzz… ?

Google го стартуваше Buzz, сервис налик на друштвените мрежи интегриран како додаток на Gmail сервисот... Во пракса Google Buzz е многу налик на Facebook, имате "like" опција, оставање коментари, споделувате слики, видеа, линкови, сите постови можете да ги праќате на другите корисници преку мејл или на тие што ве следат... Знаејќи го тоа прашањето е зошто да сте на Buzz кога веќе сите контакти и пријатели ви се на Facebook? За да биде понезгодно во моментот можете да праќате пораки само од Twitter нa Google Buzz, но не и обратно, а нема никаква интерграција со Facebook. Нема постирање ниту пренесување Facebook постови.

0 коментари Прочитај 10 февруари, 2010
Редакција
0
Виктор Дано Свет

Австралиските интернет корисници го победија законот

Австралиските интернет корисници ги убедија властите да го тргнат контроверзниот закон кој забранува анонимно коментирање на политички теми на интернет. Доколку австралијците сакаат да дискутираат политички теми мора да остават име и адреса или ќе бидат казнети со 1.250 австралиски долари (800 евра).

0 коментари Прочитај 3 февруари, 2010
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи ИТ.МК

#umoevreme… немавме интернет мемиња

Помалку носталгично, но доста креативно и забавно македонската Twitter заедница започна интернет меме „umoevreme“. Секој од околу 375 твита започнува со хаш тагот и потоа следи спомен од минатото кога времињата можеби или не беа подобри.

0 коментари Прочитај 27 јануари, 2010
Редакција
0
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Првиот твит од Вселената

Здраво Твитерверзум. Сега од живо твитаме од Интернационалната Вселенска Станица - првиот твит од вселената, пишува @Астро_TJ, oдносно астронаутот Тимоти Кремер.

0 коментари Прочитај 25 јануари, 2010
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи Свет

Друштвените медиуми заедно за помош на Хаити

Популарните ѕвезди, организациите, властите, медиумите... сите се свртија кон друштвените мрежи барајќи помош, донации, совети и споделувајќи информации за жртвите од неверојатниот земјотрес кој го погоди Хаити носејќи хаос и стотици илјади жртви и повредени. Оваа неверојатна трагедија ја истакна моќта на друштвените мрежи, на чело со Тwitter и со хуманоста на луѓето покажаа дека се неверојатно моќна машинерија за мобилизирање и информирање за актуелни настани.

0 коментари Прочитај 14 јануари, 2010
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Веб

Facebook треба да е јавен сервис, вели основачот

Можеби изјавата има смисла доколку се знае за неодамнешните соработки на неколку друштвени мрежи со интернет пребарувачите Google и Bing кои внесоа пребарување во реално време во своите пребарувачи. Но додека твитовите од Twitter се најдоа меѓу резултатите на пребарувањето, Facebook статусите беа изоставени бидејќи Facebook сепак е приватна затворена мрежа каде луѓето споделуваат со пријателите.   Марк Зукенберг, основачот на најпопуларната друштвена мрежа, во интервју на Crunchies настанот изјави дека доколку Facebook стартува сега ќе биде јавна мрежа бидејќи сега имаме нови стандард - тоа е јавно споделување на информации.

0 коментари Прочитај 11 јануари, 2010
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

ИТ.мк: Религија 2.0

Големиот процент на користење на интернет за информации и комуницирање, не упатува на предизвикот низ оваа технолошка форма, да се антиципира и актуелизира творечкото влијание на отците на црквата врз современиот свет, ова го вели Preminportal.com.mk, веб портал за христијанството кој не изненади со своите Веб 2.0 идеи. Првин бев изненаден бидејќи се работи за […]

0 коментари Прочитај 21 декември, 2009
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Топ Twitter трендови за 2009

Twitter објави листа на топ трендовите за 2009 година. Интересно, Мајкл Џексон не е најтвитаниот, како што е најпребаруваниот кај интеренет пребарувачите. На Twitter најпопуларна и највлијателна тема се протестите во Иран, каде Twitter одигра огромна улога, пред се како медиум. И обратно, иранските протести одиграа огромна улога во популарноста на друштвената мрежа.

0 коментари Прочитај 16 декември, 2009
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Веб

Google од сега со пребарување во реално време

Google интегрира пребарување во реално време во својот пребарувач. Тоа значи дека покрај освен „традиционалните“ резултати во вид на линкови, Google ќе ги прикажува и пораките од друштвените мрежи како Twitter, Facebook, FriendFeed, MySpace, Јaiku, Identi.ca ... „Пребарувањето во реално време ќе ви овозможи да откриете важни информации во време на случувањето, иако не се популарни во моментот, и иако не ни знаевте за нив пред да се случат.“ вели Google кој додаде дека оваа опција постепено, за неколку дена, ќе се појави ширум светот.

0 коментари Прочитај 8 декември, 2009
Редакција
0
Виктор Дано Веб Друштвени мрежи

Twitter, Ushahidi, Playfish… прогласени за Пионeри на технологијатa

Светскиот економски форум одбра 26 пионери на технологијата за 2010 година. Пионери на технологијата се сите компании почетници од целиот свет кои развиваат и дизајнираат нови технологии.   „Иновациите на овие компании ги отсликува обидите на општеството да ја прифати и користи технологијата за промена и подобрување на начинот на кој работат бизнисите и самото општество.“ вели Светскиот економски форум.

0 коментари Прочитај 4 декември, 2009
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Веб

Factery, интернет пребарувач за факти?

Factery Labs објави нов интернет пребарувач , се уште во тест фаза, кој дава два вида резултати: првиот дел се резултати од Twitter, додека вториот дел се резултати поврзани со факти за терминот кој го барате.

0 коментари Прочитај 18 ноември, 2009
Редакција
0
Виктор Дано Друштвени мрежи

40 oтсто од луѓето се здружуваат со брендови на Facebook

Луѓето се спријателуваат со брендовите на Facebook и Twitter бидејќи се корисници на брендот, за да добијат информација за некоја ексклузивна понуда и затоа што нивните пријатели се потрошувачи на брендот, покажa анализата на Razorfish, агенција која први маркетинг истражувања. Анализата „Digital Brand Experience“ е направена за онлајн однесувањето на 1000 американци кои имаат претходно […]

0 коментари Прочитај 10 ноември, 2009
Редакција
0
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Универзитет го воведе Twitter како задолжителен предмет

Griffith универзитетот од Австралија го воведе креативното пишување твитови како задолжителен предмет за своите студенти по новинарство. Студентите го користат Twitter како „вежба за рефлектирање на себе“ вели Жаки Едварт, предавач на универзитетот.   „Твитовите на некои студенти не се толку суштински како што сакаме да бидат. Но не знам дали ако напишат есеј, ќе биде подобро“ вели г-ѓа. Едварт за Sydney Morning Herald.

0 коментари Прочитај 24 октомври, 2009
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција Веб

Google и Microsoft во разговор за соработка со Twitter

All Things Digital објави дека, според извори запознаени со ситуацијата, Twitter води одвоени разговори со Google и Microsoft за можна соработка за „копање на податоци“. Ова ќе овозможи на Google, односно Bing да добијат лиценца и да го интегрираат Тwitter фидот на вестите во реално време во своите пребарувачи.

0 коментари Прочитај 9 октомври, 2009
Редакција
0
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Земјотрес!!! Први информации на Twitter

Претходно пишував за колку е важно пребарувањето во реално време и како лесно ја шири информацијата. Се обидував да го објаснам преку примери. Еве уште еден пример. Имено околу 15 часот и 30 минути прочитав порака на Twitter.

0 коментари Прочитај 21 август, 2009
Мени
Заедница
To top
{title}