Тwitter сега со геолокација, Facebook наскоро

Апликацијата ги користи Google Maps и се појавува како мала зелена игличка во најдолниот дел покрај името на апликацијата од каде е испратен твитот. Twitter нуди контрола врз секој поединечен твит дали да ја сподели локацијата, како и опција да ги избришете сите информации поврзани со локацијата од сите претходни твитови. Се чини дека опцијата не е достапна за геолоцирање преку прелистувач, иако е најавено, но ја има на неколку мобилни апликации.

Тука ќе најдете повеќе за тоа како се вклучува опцијата и за „твитајте ја локацијата“.

Facebook е ја престави опцијата за споделувањето локација на F8 конференцијта за девелопери при крај на април, пренесува New York Times.

Facebook веќе направил измени во Полисата за приватност во која сега пишува „Кога ја споделувате вашата локација со другите или додавате локација на вашите постови, ние ќе го третираме тоа како секоја содржина што ја постирате“.

Бидејќи се работи за споделување информации кои сериозно можат да ја нарушат приватноста, Facebook наверојатно ќе постапи исто како Twitter и ќе им овозможи на корисниците да ја избираат опцијата за споделување локација, наместо да бидат принудени да ја користат.

Опцијата за локација ќе има два аспекти, пишува њујоркшкиот весник. Првиот е алатка која ќе ја понуди Facebook, а вториот ќе биде софтверски алатки кои ќе бидат користени од надворешни девелопери да понудат слична опција за споделување локација во своите апликации.

Покрај индивидуалните корисници, геолокацијата може многу да им користи на бизнисите за промоција и споделување на локацијата со потрошувачите. Пример за такво користење е direktorium.mk.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk