0 коментари 1 мин. читање

Универзитет го воведе Twitter како задолжителен предмет

Twitter се покажа како одлична новинарска алатка во неколку наврати оваа година. Кога авионот слета на реката Хадсон во Њу Јорк, првите информации беа преку Twitter. Кога експлодираа бомбите во два хотели во Индонезија, повторно првите информации се појавија на Twitter. Во една прилика, кога имаше земјотрес во Македонија информациите бргу се пренесоа преку Тwitter. Покрај тоа, летово Twitter се користеше за споделување информации за протестите во Иран.

Друг аспект на Twitter е што лесно можат да комуницираат луѓето. Примерот што го наведува Sydnay Morning Herald е австралискиот премиер Кевин Руд кој твита, а често комуницира со своите следбеници. Понекогаш австралискиот премиерот прашува и да му препорачаат добар филм, пишува весникот. Од македонските политичари на Twitter е министерот за информатичко општество Иво Ивановски, но тој не твита толку често.

И со само 140 карактери, потенцијалот на сервисот за микро-блогирање е голем. Но, проблемот со Twitter е што е релативно нов и непознат сервис, вели г-ѓа. Едварт.

„Има некои навистина гласни студенти кои велат дека не им се верува дека го користиме и дека е џабе потрошено време.“ вели таа.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top