Factery, интернет пребарувач за факти?

во Веб

Навикнати сме кога го пребаруваме интернетот преку Google, Bing, Yahoo… да добиваме само наслов на линкот кој некако не асоцира со тоа што го бараме и затоа кликаме на линкот. Пример, барате информации за Горан Пандев. Доколку барате на Google ќе добиете линкови до официјалниот сајт на фудбалерот или до Wikipedia. Тогаш не ви останува ништо друго освен да читате и да пребарувате сајтови за одредена информација.

Тоа што е различно со Factery е што, прво, добивате твитови односно информации за актуелни настани поврзани со Горан Пандев. Twitter резултатите работат многу подобро со актуелни теми, но го избрав Пандев да видам кои факти ги вади за фудбалерот.

Интересно е што Factery ги пребарува и сите кратки линкови од твитовите. Кликнете на „Run Twitter FactEngine” и пребарувачот ќе ви даде листа на информации кои се содржани во тие линкови, без да кликате на нив. Factery е само еден од идеите за пребарувања во реално време. Пример за сличен пребарувач е OneRiot, кој ќе бидат наскоро имплементирани во Yahoo.

И второ, тоа што е најважно за Factery e што добивате кратки и јасни реченици кои содржат корисни информации т.е факти. Иако „факти“ е несоодветен збор бидејќи информациите се од Wikipedija, сепак и Google би ни ја сугерирал енциклопедијата. Ова го прави Factery паметен пребарувач кој ви одговара на тоа што го барате, наместо да ви дава само линкови. Иако се работи за различен концепт во изработката на информаците, сепак идејата со објавување на факти/точни информации е слична со идејата за семантичките пребарувачи Wolfram|Alpha или Powerset.

Секако дека Factery нема да го замени Google и другите пребарувачи, но е одлична идеја и решение кое може да помогне да се промени начинот на кој ги добиваме информациите од интернет.

Повеќе за Factory и за нивната апликација можете да прочитате на сајтот на Factery Labs.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments