All Things Digital објави дека, според извори запознаени со ситуацијата, Twitter води одвоени разговори со Google и Microsoft за можна соработка за „копање на податоци“. Ова ќе овозможи на Google, односно Bing да добијат лиценца и да го интегрираат Тwitter фидот на вестите во реално време во своите пребарувачи.
Според анонимните извори на All Things Digital се планирани неколку сценарио како да му се надокнади на Twitter, од исплата на милиони долари до наплата за изнајмување на податоците.
„Договорите, како што нагласи изворот, се не-ексклузивни бидејќи Twitter сака да остане независен и на страна од битката меѓу Google и Microsoft вo пребарувањето“, пишува Кара Свишер.
Сепак иако се водат разговорите се уште не е сигурно дека Twitter ќе договори соработка со двата интернет пребарувачи, велат изворите.
Twitter неодамна доби инвестиција од 100 милиони долари и со тоа беше проценет на 1 милијарда долари. „Со оваа проценка иновативната компанија е надвор од планот да биде купена и покажа дека е заинтересирана да си ја одреди својата судбина“, пишува г-ѓа. Свишер.