Google го исклучи Realtime пребарувањето откако заврши договорот со Twitter
Realtime пребарувањето на Google сега покажува Error 404, односно е недостапен бидејќи договорот со Twitter е истечен.
Realtime пребарувањето на Google сега покажува Error 404, односно е недостапен бидејќи договорот со Twitter е истечен.
Секој ден, светот преку твитови пишува еквивалент на книга од 100 милиони страници, или 8.163 копии на „Војна и Мир.“, вели Twitter на својот официјален блог. Во споредба со истиот период минатата година, дневната количина на твитови се зголеми за импресивни 135 милиони, што придонесе на петдневно ниво да се достигнува и бројка од милијарда твитови.
Twitter го претстави Newsrooms сајтот кој има водичи за новинари кои сакаат да ја користат друштвената мрежа за истражување и барање на вести и приказни.
Олимпискиот комитет ги охрабри спортистите да го споделат искуството со „друштвените мрежи и блоговите, постовите и твитовите“ на Олимпијадата во Лондон која ќе се одржи во 2012 година. Преку друштвените мрежи љубителите на спортот ќе можат да искомуницираат со спортистите на кои им е забрането да споделуваат реклами и комерцијални пораки. „Учесниците и други акредитирани […]
Twitter спрема промени кои ќе донесат „промовирани твитови“ директно во корисничкиот стрим, открива. Овие промени за огромно незадоволство на твитерџиите ќе се случат во следниве два месеци.
Во две илјадита и единаeста, Се создаде Република, Во виралните друштвени мрежи, Twitter Република, Прва на Балканот. - oд Песна за Крушевската република.
Неколку корисници започнаа соработка во реално време користејќи го Google Docs со цел да се споделат идеи за банер против полициска бруталнос. Банерот ќе биде предложен да се постави на .мк сајтовите.
Во последнава недела се објавија над 3.800 твита и над 1.971 ретвитови, од над 572 твитерџии, и тоа без првите два дена откако се случи убиството на #martin. Комуникации.нет објави инфографик во кој ги сумираа вкупниот број на твитови, бројот по ден и час, која апликација е користена… Интересно, над 11.333 твитерџии и Facebook корисници […]
Идејата на This Summer е многу едноставна. Кампањата на Orange во соработка со агенцијата Poke од Лондон бара од корисниците на Twitter да ги твитнат своите планови за ова лето и да го додадат хаштагот #thissummer на твитот. Сите твитови со овој хаштаг потоа се претвораат во аудио запис. Содржината на твитовите ја чита професионален актер, кој на секој твит му дава „посебен третман“ според неговата содржина.
Протестите против полициска бруталност станаа тема на дискусија на катарската Al Jеzeera телевизијата, која е арапски еквивалент на западните модерни телевизии како CNN. „Протестантите веруваа дека дечкото е убиен од озогласената ‘Тигар’ единица. Властите на почеток велеa дека телото е најдено без повреди, а со денови владини медиуми одбиваа да го покријат убиството на Мартин. […]
МВР со помош од Facebook избришале неколку Facebook групи кои беа на некој начин поврзани со протестите против полициската бруталност, предизвикани од убиството на 22-годишниот Мартин Нешковски, кој беше претепан до смрт од пoлициски специјалец. Друштвените мрежи одиграа, и уште се, движечкиот фактор преку кој се организираат протестите против полициско насилство, па бришењето на ваквите групи токму од страна на МВР се сфаќа како обид протестите да се спречат.
На сите Wordpress блогови е додадена опција за коментирање со Twitter и Facebook профил. Корисниците ќе можат да бидат логирани на различни профили, за да биде полесно да си го одберат преку кој сакаат да коментираат.
Благодарение на виралното информирање на македонските друштвени мрежи се откри дека 22-годишниот Мартин Нешковски е претепан до смрт од припадник на специјални сили на полицијата во неделата вечер. Гневните граѓани со помош на мрежите организираа протести против полициската бруталност.
Брендовите претежно се упатуваат кон Facebook кога сакаат да промовираат нова онлајн кампања, но турскиот телеком Turkcell покажа дека и со помош на Twitter може да се направи одлична онлајн кампања. Turkcell организираше многу креативна кампања користејќи ги можностите, како ретвитови и хаш-тагови, кои ги нуди Twitter.
Тwitter во блог пост претстави комплетно ново кое е порелевантно и содржи фотографии и видео. Исто така го најави и новиот сервис за споделување фотографии кој се пушта постепено и ќе биде достапен за сите корисници во текот на наредниве недели.
Follow копчето на Тwitter ќе овозможи твитерџиите полесно да се поврзуваат со брендовите и веб сајтовите. Исто како и Facebook Like, Follow копчето овозможува со еден клик да се поврзете со Twitter профилот на тoj веб сајт.
Новиот сервис за споделување фотографии на Twitter ќе ги има сличните можности како познатите TwitPic и Yfrog, ќе може да се закачуваат фотографии, ќе има скратувач на линкови и ќе може да се споделуваат.
Луѓето во просек проаѓаат по 3 часа дневно на Facebook, но, секако, 2 часа и 55 минути од тоа време се трудат да ги сфатат опциите за приватност, му се смее Google на Facebook на College Humor дружба меѓу сите друштвени мрежи: Twitter, Foursquare, Reddit, Friendster, LinkedIn... и секако MySpace кој го извлекува подебелиот крај. Секако се работи за шега, анимирано видеo од хумористичниот, сатиричен и секогаш забавен College Humor.
<Надополнето>: Skype се врати во нормала постепено за многу корисници. За другите кои се уште не можат да се логираат и од Skype го нудат решението коe го предложивме порано, односно да се избрише shared.xml фајлот. Нема многу објаснувања зошто е тоа потребно, но важно е што функционира.
Twitter ќе почне да праќа имејл нотификации за сите ретвитови, спомнувања, фаворизирање на вашите твитови и продукти и надоградби на сервисот, покрај досегашниве имејл пораки кога некој ви праќа директна порака (DM) или доколку некој започне да ве следи.