Twitter ќе стартува свој сервис за фотографии

Веста, која се уште не е потврдена од Twitter, туку од TechCrunch и AllThingsD, не е изненадување. Сервис за споделување фотографии (и можеби и видео) е природен чекор во развојот на TWitter бидејќи на сервисот постојано се споделуваат фотографии, видеа и линкови.

Но, ова се лоши вести за Yfrog и TwitPic знаејќи дека Twitter за да си го промовира својот сервис за фотографии може да престане да ги поддржува двете апликации. Twitter неодамна им посочи на развивачите да не прават апликации за кои веќе постои нивно решение. За кратко време потоа го купи TwееtDeck клиентот со кој можеби ќе им стави крај и на многубројните надворешни Twitter клиенти.

URL скратувачот можеби ќе го користи twimg.com, кој е во сопственост на Twitter, според TechCrunch.

Според AllThingsD, Тwitter ќе го најави својот нов сервис за споделување фотографии на D9 конференцијата во среда.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments