1
Улогата на насилни постови и зошто МВР брише Facebook групи
МВР со помош од Facebook избришале неколку Facebook групи кои беа на некој начин поврзани со протестите против полициската бруталност, предизвикани од убиството на 22-годишниот Мартин Нешковски, кој беше претепан до смрт од пoлициски специјалец. Друштвените мрежи одиграа, и уште се, движечкиот фактор преку кој се организираат протестите против полициско насилство, па бришењето на ваквите групи токму од страна на МВР се сфаќа како обид протестите да се спречат.