0 коментари 1 мин. читање

Спортистите ќе можаат да твитаат од Олимписките игри 2012-та во Лондон

Олимпискиот комитет ги охрабри спортистите да го споделат искуството со „друштвените мрежи и блоговите, постовите и твитовите“ на Олимпијадата во Лондон која ќе се одржи во 2012 година. Преку друштвените мрежи љубителите на спортот ќе можат да искомуницираат со спортистите на кои им е забрането да споделуваат реклами и комерцијални пораки.

„Учесниците и други акредитирани личности можат да постираат фотографии од Олимписките игри за лични употреба. Не е дозволено да се комерцијализираат, продаваат или дистрибуираат овие фотографии.“, се вели во правилата на Олимпискиот комитет.

Но, иако фотографии се дозволени, видеото и аудиото, снимени внатре во официјалните олимписки објекти не смеат да бидат споделени. Може да бидат снимани за лична употреба, но не и да се закачат во блог пост, статус или твит.

Друштвените мрежи се интересни бидејќи поставуваат директна комуникација меѓу спортистите и фановите, наместо спортистот да биде скриен зад официјални прес конференции. Директната комуникација можеби не подразбира планови за натпревар/настан и слични тактички прашања, туку уникатното искуство на спортистот, неговиот приватен живот и комуникација со фановите. Пример за правилно користење на друштвените мрежи за комуникација со фановите се Шекил О’Нил, Рио Фердинанд, Вејн Руни, Кристина Вожниачки

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top